Brainster-от позади нашите нови дизајни е Кирил Николовски.  Како еден од најдобрите студенти на Академијата за графички дизајн, веднаш по завршувањето го земавме во тим.

Здраво Кире!? Раскажи ни повеќе околу тоа како започна твојата приказна во Brainster? Што те натера да посакаш да бидеш дел од тимот?

Пред да станам дел од тимот на Brainster присуствував на нивната академијата за дизајн преку која покрај можноста да се надградам на професионално ниво имав и прилика одблизу да ја доживеам позитивната енергијата која владее во просториите на Brainster, по Aкадемијата некако природно ни се усогласија интересите и спонтано се случи и јас да станам дел од таа енергична приказна.

Фасцинантно е тоа што толку си толку млад а вешт во тоа што го работиш. Колку време се занимаваш со дизајн и кога сфати дека тоа е тоа што сакаш да го правиш?

Со дизајн се занимавам околу 3 години, тогаш почнав да работам на проекти поврзани со факултет, студирам Индустриски Дизајн па проектите повеќе беа на тема Product Design, но во слободно време си барав клиенти на онлајн платформи каде што почнав со графичкиот дизајн. Инаку од кога памтам за себе сум заинтересиран за се што кружи околу терминот дизајн, се што во своето создавање бара креативна мисла ми го привлекувало вниманието повеќе од обично без разлика дали се работи за графички дизајн, музика, арихектура, облека и сл.

Што се однесува на тоа кога сум сфатил дека тоа е вистинскиот избор за мене, би рекол дека е периодот меѓу 3та и 4та средно, тогаш почнав да се интересирам како се движи процесот на изработка на еден таков производ. Тогаш најмногу внимание ми привлекуваа кул музички албум кавери, принтови на маички и дуксери, илустрирани постери, логоа и слично. Така да тие беа моментите кога почнав да си го трасирам патот кон тоа што го работам денес.

Што би рекол дека ти е најголема инспирација и на какви проекти најмногу сакаш да работиш?

Мислам дека секојдневието е најголем извор на инспирација за сите кои пробуваат да се изразат на креативен начин. Медиумите преку кои инспирацијата може да се исцрпи се бескрајни, јас лично доста време одвојувам на анализирање на различни лејаути на книги, кавери и постери за филмови, музички настани, различни брошури кои ми доаѓаат при рака секој ден, низ град имаме мал милион различни стикери, улична уметност, природата е тука како еден од по важните извори за инспирација преку нејзините неверојатни колорити и форми и секако да не заборавиме дека живееме во дигитално време, па сакале или не дневно низ очи проаѓаат иљадници најразлични дизајни кои можат да послушат како инспирација.

Кога станува збор за работата, бидејќи се уште сметам дека сум на почетоците, секој проект ми претставува предизвик и сите ги работам со еднаков ентузијазам, но долку треба да одвојам некој правец кој ми привлекува повеќе внимание тоа би биле дефинитивно добра илустрација, лого дизајн и UX/UI.

Дали имаш идол-дизајнер кому се восхитуваш и би рекол дека влијае на твојот стил и работа? Ако да, кој е тој?  Раскажи ни повеќе за него.

Немам еден дизајнер кој можам да го издвојам како омилен или идол така да ќе издвојам некои кои активно ги пратам а доаѓаат од различни сфери: Timo Kuilder, Jean Jullien, Jr, Ines Longevail, Jerry Lorenzo.

Уште еднаш, добредојде во тимот на Brainster и за крај, дали имаш нешто да им посакаш или да ги советуваш младите дизајнери кои те читаат?

Би ги советувал да работат напорно и да не се откажуваат бидејќи само со многу труд и искуство ќе станат најдобри во тоа што го работат. На тие кои се уште се двоумат дали, топло би им ја препорачал Академијата за Дизајн која мене лично ми ги отвори вратите во светот на дизајнот.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.