Да привлечеш внимание во целата таа бучава наречена дигитален свет, не е лесно. Запознајте ја Наташа, новиот предавач на Академијата за маркетинг.

На своите предавања не носи во сосема друга димензија на дигиталниот маркетинг.

Уписите се во тек, види програма тука.

 

Имаш долгогодишно искуство во маркетинг. Раскажи ни нешто повеќе за тебе и твојата професија.

Работам маркетинг од 2009 година, претежно во областа на ИТ. Од креирање продукти, корисничко искуство, формирање цени и пласман, до промоција преку сите канали. Дигитален маркетинг, социјални медиуми, контент, настани, ПР, големи АТЛ кампањи… од се по нешто. Кариерата ја водам обратно од вообичаеното. Почнав со стартапи и имав две годишен обид за сопствена фирма. Потоа отидов во корпорација (Telekom), а сега сум во малку помала корпорација – Netcetera.

Инструктор си на Академијата за Маркетинг. Сподели ни го искуството од предавањата! 🙂

Јас го покривам делот за контент маркетинг, мојот омилен 🙂 Имам задача да им покажам на учесниците како да креираат содржини кои ќе бидат од значење за корисниците / публиката и ќе ги издвојуваат од толпата. Супер е тоа што се работи во релативно мали групи за да може да се изработуваат практични задачи и да се посвети внимание на секој учесник, но и доволно за да се развие убава дискусија.

Со учесниците од Академијата имавте работилница на која креиравте Content за реален бренд. Како си поминавте, што изработивте? 🙂

Бевме во кафетеријата на моите пријатели, Drip Coffee, која се уште не беше отворена тогаш. Тие имаат интересен концепт на работа и служат специјално кафе кое не се прави во кафемат, туку посебни садови кои личат како да се извадени од хемиска лабораторија. Баристите правеа кафе и им раскажуваа за кафе културата, а учесниците сликаа, снимааа, прашуваа. Од тоа искуство имаа задача да раскажат приказна, по свој избор на Фејсбук, Инстаграм, блог или каде и да сакаат. Оттогаш тие содржини се објавуваат на профилите на Drip Coffee со заслуга за креаторот, за да тестираме колку биле успешни.

Во потрагата по кариера во маркетинг, кои вештини ќе ги стекнат учесниците на часовите со тебе?

Како да раскажуваат приказни кои ќе задржат внимание и ќе остават впечаток. Не сакам теорија и на моите часови раскажувам приказни од моите професионални доживувања, па преку нив ќе научат како се води една кампања од почеток, до креирање содржини и анализа на нивната успешност. Што е за тебе добар маркетер? Кои карактеристики треба да ги поседува? Во денешниот свет каде сме секојдневно бомбардирани од информации, содржини, слики, видеа… најважно од се е она што го креираме да се издвојува. Да бидеме се, освен обични. Добар маркетер треба да умее да привлече внимание во целата таа бучава во дигиталниот свет, на оригинален начин. Едноставен, разбирлив, автентичен.

На идните учесници на Академијата за маркетинг им препорачуваш…?

Да не се плашат да експериментираат. Trial & error. Така ќе стигнат до “точната формула”. Тоа да го прават на свој начин и да уживаат додека креираат содржини, зошто во маркетингот не се цени ништо повеќе од автентичноста.

 

Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.

akademija