Наде Темелковска – маркетинг координатор во Neptun

Наде Темелковска ја запознавме на Академијата за дигитален маркетинг.

По завршувањето на програмата започна да работи како дигитален маркетер! Сега ги има сите бои пред себе, останува да наслика нешто убаво 🙂

Уписите се во тек, види програма тука.

 

Здраво Наде, што ќе ни кажеш за тебе?

Исклучително амбициозна, со голема посветеност кон она што го работам. Непоправлив оптимист. Насмевката и позитивното расположение се дел од моето секојдневие. Сакам добра критика. Тоа е она што ме мотивира да работам попосветено. Дел од мојот карактер е заслуга на моите родители, кои ме научија да се борам за повеќе знаење, да не се штедам, да црпам и да се хранам од книгата. Хуманист по природа. Сакам да патувам. Мојата љубов е Италија, тесните улички, прекрасните плоштади, најубавиот сладолед. Најмногу уживам во секој момент споделен со мојата ќеркичка, која е моја неисцрпна мотивација.

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг, се вработи како маркетер во Нептун. Какво е ова искуство за тебе?

Многу сум среќна што работам со тим каков што секој би посакал. Имам неизмерна поддршка од моите ментори, која ја добивам секојдневно и е исклучително важна кога работиш една ваква креативна работа.

Опиши ни еден твој работен ден!

Агендата ми е прилично амбициозна. Денот го започнувам со кафе, смути и краток состанок околу дневните обврски. Гледам добро да се организирам за да имам време за сѐ. Креативноста и социјалната одговорност се клучните зборови кои ме водат низ целата приказна. Работам на развивање на прилично нов производ, што подразбира многу работа во област на на дигиталниот маркетинг, како и состаноци со партнерите со кои соработуваме, со цел осмислување на добри кампањи за промоција на производот.

Не се заробувам во шаблонот на секојдневните работни обврски. Секогаш одвојувам време да прочитам нешто и од тука црпам инспирација за некоја нова маркетинг идеја.

Кои работи од Академијата ги применуваш на работното место?

Буквано сите ☺ Со сите промени кои настанаа во ФБ рекламирањето најмногу ќе се посветам на контент маркетингот, како и собирање на лидови, кој ќе ги искористам во е-маил рекламирањето. Facebook Ads, Google Adwords, Google Analytics, CEO, работа со микроинфлуенсери, видео маркетинг, како и инстаграм како платформа која секојдневно се повеќе расте. Следејќи ги трендовите за 2018та година, доста се зборува за гласовен маркетинг, т.е гласовно пребарување. Ќе бидеме во тек со сите новости кои ќе бидат во овој правец и се надевам дека ќе бидеме едни од првите компании кои ќе го имплементираат.
Во светот на дигиталниот маркетинг работите се менуваат многу брзо и треба постојано да си во тек со сите новости.
Многу сум среќна, што работам во компанија која вложува во своите вработени во обуки, семинари сѐ со цел да се биде во тек со новите трендови.

Кој е патот што треба да го изоди секој почетник – маркетер?

Маркетингот е приказна која маркетерот треба да ја раскаже за својата компанија, производ, услуга. За да може да ја раскаже оваа приказна, мора да верува во тоа што го работи. Добро да ја познава човековата психологија, за да може емоционално да се поврзе со својата публика. Да ги открие нивните потреби, да знае што е она што ги мотивира и како донесуваат одлуки. Би ги советувала почетниците-маркетери да пишуваат колку што можат повеќе и да не се плашат од неуспех. Грешките се неизбежни и се само лекции од кои многу ќе научат. Она што треба да го имаат во себе е mindsetot т.е да разбислуваат како маркетери. Сѐ друго се учи. И само напред ☺

На какви проекти сакаш да работиш во иднина?

Еден од моите омилени професори на Aкадемијата беше прекрасната Љупка Наумовска, која ме научи на една многу битна работа, а тоа е дека секоја компанија има социјална обврска за подобрување на општеството. Ќе работам во таа насока. Мојата слаба точка се децата, па би сакала мојот ангажман, љубов и посветеност да го насочам во тој правец и дел од средставата кои ги остварува компанијата да бидат наменети токму за нив.

Потекнувајќи од професорска фамилија, имам чувство на одговорност да го пренесам моето знаење на помладите генерации. Се надевам дека еден ден ќе бидам еден од Brainster професорите и на тој начин ќе придонесам да се напишат многу убави приказни.

Ви благодарам Петар, Александра, Марија затоа што сте прекрасни. За инспиративната енергија, за сите работни саботи 🙂 за сите непреспиени ноќи, презентации, проекти, истражувања. Ви благодарам затоа што ниту во еден момент не се штедевте за несебично да ни го пренесете своето знаење.

Сега е на мене ред! Ги имам сите бои пред себе, останува да насликам нешто убаво ☺

 

Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.

akademija

Related Stories For You