Д-р Љупка Наумовска – Инструктор на Академијата за дигитален маркетинг

Студентите од Brainster, ги обожаваат нејзините предавања, а неодамна сите имаа можност да ја запознаат на бесплатно онлајн предавање. За сите кои се уште не ја знаат, Љупка Наумовска, е инструктор на Академијата за дигитален маркетинг.

Уписите се во тек, види програма тука.

 

Професор на факултет, сопственик на Honeybiz, предавач во Brainster. Колку долго си во маркетинг индустријата?

Во областа на маркетинг комуникации се реализирам професионално скоро 14, а академски приближно 4 години. Не можам да откријам од кога ја сакам оваа област, но знам дека се чувствувам природно додека ја работам. Ја доживувам како дел од својот личен прогрес базиран на внатрешен порив, а не на амбиција. Амбицијата е потреба за докажување, додека поривот е нагон за создавање и креација и тука лежи суштинската разлика. Академски сум насочена кон обработка и предавање на предмети на додипломски и постдипломски студии на УТМС Скопје од областа на стратешки комуникации, односи со јавност, цени и дигитални медиуми.  Научно ме влече мултигенерацискиот маркетинг, тема на која објавив неколку академски трудови во меѓународни списанија. Професионално продолжувам да делувам како консултант и претприемач во областа на стратешки комуникации. Работам проекти од областа на интегриран маркетинг, стратешки и политички односи со јавност, општествена одговорност, брендирање и дизајн. Се однесува особено во прехрамбена индустрија и сродни мултидисциплинарни проекти. Притоа важно ми е да го чувствувам поривот и слободата како носечки елементи во процесите. Доколку не се присутни, ги одбивам проектите независно на финансиската позадина.

Како изгледа еден работен ден во животот на Љупка? Кажи ни, како го менаџираш времето за да постигнеш сè во денот?

Ако се сака сè се може 🙂 За да ја изменаџирам содржината на работниот ден, а потоа и да имам неработен дел во денот, на кој инсистирам, се водам од Шекспировата максима со која бидувам што помала: ,,Ги има оние кои се раѓаат големи и оние кои ги освојуваат височините”.

Што очекуваш од учесниците на Академијата и што ќе научат на часовите со тебе?

Очекувам интерактивни сесии кои ќе вклучат размена, љубопитност и разбирање на позицијата на маркетинг комуникациите денес и во иднина. Ќе ги стимулирам исто како што го правам тоа со моите студените на Универзитет. Самостојно да откријат дека маркетинг не е само креативен постер или текст за продукт на портал, туку клучна алка во глобалниот бизнис и политиката. Интегрален елемент на технологијата и иновациите, како и процес кој не завршува. Преку низа на стимулативни игри ќе ја разбереме реалноста што веќе ни ја донесе брзата сегашност, а тоа е неоспорливиот факт дека маркетинг индустријата од креативна област, прерасна во егзактна математичка дисциплина.

Ќе ни ја откриеш ли тајната што ги прави твоите предавања уникатни?

Емпатичниот индивидуализиран пристап кон секој студент, го сметам за моја силна страна. Работам на градење на стил на предавање преку менторирање и фасилитирање на процесот на учење. Ние учителите токму за тоа постоиме  – да го олесниме учењето, а процес се случува во умот на студентот. Генерацијата Z има сет од специфики кои мораме да ги почитуваме. Изразен индивидуализам и интровертност. Висока потреба од гемифицираност и скромен осет за авторитети. Исклучително висока когнитивна интелигенција комбинирана со кратог опсег на концентрација и внимание, склоност кон технологија, итн. Сите овие карактеристики генерираат потреба од ремоделирање на класичниот систем професор – студент, а јас сум среќна што предавам на универзитет што ја охрабрува оваа промена.

Колку време е потребно една личност да се трансформира од почетник во добар дигитален маркетер?

Цел живот. Во моментот кога ќе се прогласиме за добри, ја губиме битката. Но, од почетник во сениор во оваа индустрија може да се прерасне релативно брзо. Секако, доколку се носи во себе талентот и постојано се учи и истражува. Ако се работи во иновативна средина во која ’empowering’ културата доминира.

Што претставува за тебе добар маркетер? Кои карактеристики треба да ги поседува?

Од аспект на социјални карактеристики, овој професионалец пред сè треба да биде природен комуникатор и да ги сака луѓето. Доколку ја има оваа страна, треба постојано да чита и учи, како преку формално така и преку неформално образование. Од аспект на технички предности, треба да има склоност кон естетика, дизајн, технологија и дигитални уреди, да гледа 5-6 години напред и да умее да се носи со брзината и хаосот кои допрва следат.

На идните учесници на Академијата за Маркетинг им препорачуваш…

Бидете љубопитни и отворени, подготвени за интересни, но и напорни сесии. Пронајдете ја конструктивната понизност во себе за да прашувате и учите. Очекувајте на крајот да добиете холистичка слика за интегрираните комуникации, кои само такви ќе му служат на бизнисот и општеството во иднина.

 

Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.