Кој не би сакал да знае како се црта коала во Illustrator?

1. Креирање на главата

Чекор 1

Креирај нов документ со димензии 600 x 600 px. Притисни OK.

Одбери Window > Tools, каде што ќе ја најдеш алатката Ellipse Tool (L), која ќе ја употребиш за да ја нацрташ главата на коалата.

Нацртај елипса и постави ја бојата на R=171 G=175 B=166. Земи ја Direct Selection Tool (A) алатката и селектирај ги левата и десната точка на елипсата, помести ги надолу користејќи ги стрелките на тастатурата.

Курс по Illustrator

Чекор 2

Одбери Effect > Distort, потоа Transform > Roughen. Со овој ефект ќе ја „разбушавиш“ коалата. Во прозорецот кој ќе се отвори внеси ги следните поставки:

Курс по Illustrator

Чекор 3

Сега ќе ги нацртаме ушите. Нацртај елипса со бојата од првиот чекор и со помош на алатката Ellipse Tool (L). За да нацрташ правилен круг, држи го копчето Shift додека црташ.

Потоа во самиот круг нацртај уште еден, помал круг со боја R=221 G=223 B=218. Но, на овој круг не се потребни ефекти. За да го избришеш ефектот, во панелот Appearance (Window >Appearance), земи го зборот “Roughen” и однеси го до иконата Trash. Оваа постапка може да ја погледнеш подолу на сликата.

Курс по Illustrator

Чекор 4

Селектирај го целото уво и десен-клик на глувчето. Во прозорецот кој ќе се појави одбери Transform > Reflect. Одбери Vertical axis of reflection (вертикална оска на пресликување) и притисни Copy.

Второто уво помести го на десната страна од главата. За правилно да ги подредиш ушите на коалата, селектирај ги, десен-клик на глувчето и одбери Group.  Држејќи го копчето Shift на тастатурата, селектирај ги главата и ушите. Одбери Window > Align и Horizontal Align Center.

Курс по Illustrator

Чекор 5

Следуваат очите. Одбери темно сива боја за полнењето, како што е обележано на сликата подолу, и со помош на алатката Ellipse Tool (L) нацртај елипса. Во елипсата нацртај мал бел круг, за да му додадеш сјај на окото. Селектирај го окото и со држење на Alt копчето повлечи го на десно. Ова е едноставна постапка за правење копија на одреден елемент, во овој случај другото око на коалата.

Курс по Illustrator

Чекор 6

Нацртај елипса со помош на алатката Ellipse Tool (L). Помести ги надолу левата и десната точка од елипсата како што направивме за да го добиеме обликот на главата. Ќе добиеш облик во вид на јајце. Потоа направи копија (Control-C, Control-V) и намали и ги димензиите. Промени ја бојата во R=75 G=76 B=72. Постави ги двете форми кои го оформуваат носот на коалата како што е прикажано на сликата подолу.

1_6

Курс по Illustrator

2. Креирање на стеблото на дрвото

Чекор 1

Сега ќе го креираме стеблото на дрвото. Со помош на алатката Rectangle Tool (M) нацртај правоаголник. Бојата на полнењето е прикажана на сликата подолу, а можеш да ставиш боја по твој избор.

Од панелот со алатки одбери ја алатката Warp Tool(Shift-R). Но пред да го употребиш, подеси ги поставките, односно двоен-клик на иконата и внеси:

Курс по Illustrator

Со помош на алатката Warp Tool (Shift-R) нацртај го стеблото на дрвото, а потоа и три гранки кои ќе ги поставиш како што е прикажано на сликата.

Курс по Illustrator

Чекор 2

Промени ја бојата на исполната R=86 G=52 B=29 и нацртај неколку правоаголници по должината на стеблото, а потоа на нив употреби ја алатката Warp Tool (Shift-R).

Курс по Illustrator

Чекор 3

Постави ја главата на коалата позади стеблото. За да ја поставиш полесно селектирај ги сите делови на главата, групирај ги (right-click > Group) и притисни Control-X, Control-B. Изротирај ја главата на десно.

Курс по Illustrator

3. Креирање на шепите

Чекор 1

За да ги нацрташ шепите треба да започнеш со елипса. Исполни ја со бојата R=189 G=191 B=183. Додади ефект како што додаде на главата и ушите на коалата (одбери Effect > Distort & Transform > Roughen). Внеси ги поставките кои се прикажани подолу.

Курс по Illustrator

Чекор 2

Направи четири шепи (со копирање на првата) и постави ги како на сликата:

Курс по Illustrator

4. Креирање на лисјата

Чекор 1

Повторно започнуваме со елипса. Исполни ја со бојата R=163 G=165 B=16, одбери ја алатката Convert Anchor Point Tool (Shift-C) изаостри ја елипсата во горниот и долниот дел. Добивме лист!

Курс по Illustrator

Чекор 2

Copy-paste, креирај онолку копии од листот колку што мислиш дека ќе бидат потребни. Постави ги листовите на гранките.

Курс по Illustrator

Чекор 3

Ајде да креираме позадина за илустрацијата. Селектирај ја бојата R=237 G=234 B=239 и кликни на работната површина (art board). Внеси ги следните димензии Width 600 px (висина), Height 600 px (широчина) и кликни OK. Постави го квадратот позади останатите елементи (селектирај го квадратот и притисни Control-X, Control-B).

Курс по Illustrator

Voila! Завршивме!

Одлично! Сега знаеш како да нацрташ коала, со едноставните команди и алатки и со малку имагинација можеш да го нацрташ секое животно.

fbadlinkaisoprijavi

Овој текст е објавен во категоријата Дизајн и ги содржи следните клучни зборови: Brainster, brainster kariera, kariera, kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, tutorial, туторијал, курс за Illustrator, курс по Illustrator, kurs za Illustrator, kurs po Illustrator

Related Stories For You