Бобан Миноски – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање

Запознај го Бобан Миноски – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање за месец септември 2023.

 

Име и презиме: Бобан Миноски

По професија: Инспектор за квалитет во автомобилска индустрија

Академија: Академија за Full-Stack програмирање

Зошто баш оваа област: За да се здобијам со познавања и со front-end и back-end делот што ми нуди можност за поголем кредибилитет и раст во кариерата.

Што те мотивира постојано да учиш: Можноста да научам што е можно повеќе технологии и алатки и пред сè да разберам како тие функционираат, како и фактот дека побарувачка на пазарот за full-stack developer е во пораст. Исто така, креативноста што може да се искористи кога се креира логиката за функционалности, повеќе начини за да се стигне до целта.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Управување на html елементите со помош на jQuery – пишување на помалку код и заштеда на време. 😄

Омилен модул и зошто: Со оглед на тоа што почнав со речиси минимални познавања од областа на програмирањето, секое ново предавање ми претставува ново поле за истражување, но би го издвоил PHP модулот и работата со бази. Сметам дека тука најмногу се пронаоѓам и тоа е она на што во иднина би се насочил да се усовршувам.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Без исклучок сите инструктори на Академијата се максимално посветени, достапни за прашања од наша страна и професионално си ги извршуваат обврските, но би ги издвоил: Симеон Здравески, Никола Кусибојоски и Магдалена Спинола Сантос.

За 5 години сакам да бидам: Back-end developer

Хоби: Гледање на филмови, пешачење во природа, лов…

Омилена книга: „Надвор од рамките“ – Малком Гладвел

Омилен цитат: „Пробај да не бидеш успешен човек, туку човек од вредност“ – Алберт Ајнштајн.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Full-Stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!