Запознај ја Александра Петровска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец септември 2023.
Име и презиме: Александра Петровска
По професија: Дипломиран фармацевт
Академија: Академија за Project and Product Management
Зошто баш оваа област: Динамична професија што нуди стекнување на знаење за различни области, процеси и сл., стекнување на вештини за добра самоорганизација, комуникација, лидерство и менаџирање со време.
Што те мотивира постојано да учиш: Постојано учам нови работи за да растам.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Со јасно поставени цели, добра мотивираност и водење на тимот успешно се управува со еден проект.
Омилен модул и зошто: Модул 3 – Развивање на проектен план за управување со проект бидејќи во оваа фаза на планирање се поставуваат главните сегменти како цел, обем, времетраење, трошоци на проектот, како и анализа и идентификација на можни ризици.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Не можам да одвојам еден. Огнен Трипуноски кој ни пренесе знаење преку примери од неговото досегашно управување на проекти, и кој со строгото оценување на домашните нè натера да бидеме сè подобри во решавање на секоја следна домашна задача. Олга Пујаз, која е многу практична, концизна, добро води и ни даваше јасни насоки во текот на предавањата и во текот на менторирањето на вистинскиот проектот. Марјан е третиот инструктор кој го издвојувам бидејќи неговото големо знаење ни го пренесе многу добро со интерактивни часови со цел за да го разбереме Модул 4 – Scheduling/Budgeting. Неговите домашни задачи беа најинтересни и најпредизвикувачки за работа.
За 5 години сакам да бидам: Да управувам со проекти од мојата област.
Хоби: Пилатес, велоспипед, рекреативно планинарење.
Омилена книга: Многу се. Последна прочитана, „Невидливиот живот на Ади Лару“ – Викторија Шваб.
Омилен цитат: “The greatest risk in life, is the risk of never trying“.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
