Запознај ја Теодора Трајковска – алумни, а воедно и Dream Team студент на нашата Академија за графички дизајн, која реши да направи комплетна кариерна трансформација и започна да работи како графички дизајнер во Creative House.
Дополнително, дел од проектите на кои Теодора има работено и го зема победничкото место се: Motion Design за Bellina и Лого и бренд идентитет за Gift from Macedonia.
Си поразговаравме со Теодора за нејзиното кариерно патувањe

Здраво Теодора, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!
Некои ме знаат, а некои имаат прилика сега да ме запознаат. Здраво, јас сум Теодора Трајковска од Скопје и сум алумни студент на Академијата за графички дизајн, сега веќе можам да кажам дека сум и горд графички дизајнер.

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?
Имам завршено Медицински факултет, отсек медицинска сестра, но желбата за уметност и креативно искажување ме однесе во сосема друга насока, каде што сум денес. Отсекогаш сум била „креативна душа“, а во оваа професија креативноста можам да ја пренесам на правиот начин.

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Академијата е искуство за цел живот и отскочна даска за понатамошно градење на кариерата. Секогаш има предизвици без разлика со што се занимаваме, така беше и во текот на Академијата, но со многу труд и напорна работа сите предизвици може да совладаат.

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?
Желбата за надградување на самата себеси, успех и упорноста е тоа што ме туркаше низ целата Академија и најважно треба да се сака тоа што се работи и кон тоа што целиме.

Почетокот на твојата кариера како графички дизајнер ја започна во Creative House. Раскажи ни како изгледа еден работен ден?
Мојата кариера како графички дизајнер започна неодамна во маркетинг агенцијата Creative House од Скопје. Денот ни започнува со кафе или какао муабет, во опуштена атмосфера, а подоцна почнуваме со дневните обврски.
Секојдневното учење и надградување е тоа што најмногу ме исполнува, со колегите сме постојано во комуникација, споделуваме идеи и знање, за поголема продуктивност и задоволство на клиентите. Работиме за македонски и американски клиенти од најразлични области, најголем дел од нив се од сферата на Health Carе. Алатки кои секојденевно ги користам при работата се: Adobe Photoshop, Adobe Illustrator и After Effects.

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?
Сметам дека треба константно да се биде во тек со новостите, трендовите и технологијата. Ова е професија која постојано се развива и секогаш има што ново да се научи.

Каде се гледаш за 5 години во иднина?
Како многу поуспешен графички дизајнер и среќна и исполнета во работата што ја работам.

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор?
Сите што имаат желба за учење, креативно изразување и напредок, како и љубов кон естетиката и технологијата ова може да е нивната професија од соништата. Никогаш не е доцна да се почне да се учи нешто ново или да се промени професија, само треба да се има мотив и ништо не е невозможно.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
