Петар Велковски –  Dream Team студент на Академијата за графички дизајн

Запознај го Петар Велковски –  Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец август 2023.

 

Име и презиме: Петар Велковски

По професија: Средношколец, почетник фрилансер

Академија: Академија за графички дизајн

Зошто баш оваа област: Отсекогаш бев креативно дете и некако Brainster ми отвори нова перспектива кон креативната сфера на животот и кон тоа дека има професии кои може да ти биде мерак да ги работиш.

Што те мотивира постојано да учиш: Перфекционизмот во себе. Но, и мислата дека еден ден ќе се навратам на себе после одредено време и ќе бидам горд на одлуките што сум ги донел.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Колку е всушност апликативен графичкиот дизајн. И како голем дел од сé што гледаме во еден ден било специфично размислено и дизајнирано од некого.

Омилен модул и зошто: Дизајн студио со Клелија беше многу eye-opening кратко искуство и мислам дека јасно се издвојува од сите други модули во самиот начин на кој се оддржува модулот. Работилницата беше и феноменална можност да се зближиме со другата група од дизајн Aкадемијата.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Најтешко прашање. Морам да ги одвојам Бане, Клелија и Иван. Сите тројца се неверојатно креативни лица кои ми дадоа врвно искуство со нивните модули.

За 5 години сакам да бидам: Успешен дизајнер, со убаво апартманче некаде, со поглед на морски брег.

Хоби: Хоби ми е наоѓање нов интерес секој месец. Најчесто се вртам околу активности кои вклучуваат користење на секојдневни работи на нови начини или наоѓање на начини да бидам поефикасен во секојдневието.

Омилена книга: „Станица Единаесет“ од Емили Сент Џон Мандел е многу добра книга, иако уште не знам како завршува.

Омилен цитат: I am a necessary part of an important search to which there is no end” – Keith Haring.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!