Студентите од Академијата за графички дизајн имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент на модулот „Постер Дизајн“.
Тие работеа под менторство на инструкторот Иван Татарчев Дургутовски, и имаа задача да направат постер дизајн решенија и од различна перспектива да ја раскажат приказната на Amaro Bazar – Shutka Shopping Center.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но дизајнот кој беше прогласен за победничко решение му припаѓа на Марко Донев.
Во продолжение си поразговаравме со Марко за неговото победничко решение

Здраво Марко! Ти си дел од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, сподели ни нешто за себе!
Здраво! Моето име е Марко Донев и имам 20 години, студент сум на Академијата за графички дизајн во Brainster. Со графички дизајн се занимавам повеќе години. Уживам во музиката, природата, видео игри, домашни миленици и во истражување на различни форми на креативност и забава. Мојата авантуристичка природа ми дава подготвеност да испробувам нови искуства и да излезам од мојата комфорна зона!
Беше дел од едно незаборавно искуство каде што имаше задача да испорачаш едно креативно решение за клиентот REDI, односно Amaro Bazar. Раскажи ни повеќе за овој проект.
За цел имавме да изработиме постер решение за клиентот, со цел промовирање на пазарот во Шуто Оризари „Amaro Bazar“ во Скопје. Идејата беше да се крене свеста за новото ребрендирање на пазарот.
Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?
Соработката се одвиваше одлично! Клиентот јасно ни ги претстави барањата, односно да се креира постер решение со цел да се рекламира пазарот и да се привлечат купувачи.

Како успеа да се соочиш со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креираш едно вакво интересно решение?
Со предизвиците се соочив доста лесно и уживав во секој момент работејќи на овој проект, притисокот од роковите не ми претставуваше проблем, имавме доста слобода за да се изразиме лично и секако, имавме интересна тема. Сето ова придонесе да го креирам моето постер решение!
За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини?
Работата на реални проекти е клучна за секој дизајнер и алумни на Brainster! Преку работењето на реални проекти имаме можност да ги покажеме нашите вештини притоа следејќи ги барањата на клиентот, од самиот почеток на дизајнирањето, па сè до презентирањето на проектот секој од нас стекнува искуство кое е неопходно за секој дизајнер!
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
