Софија Краљевска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн

Запознај ја Софија Краљевска –  Dream Team студент на Академијата за графички дизајн за месец јуни 2023.

 

Име и презиме: Софија Краљевска

По професија: Студент

Академија: Академија за графички дизајн

Зошто баш оваа област: Професиите кои имаат допирни точки со уметност отсекогаш ми биле привлечни. Па, така во областа на графичкиот дизајн најдов еден баланс помеѓу креативноста и технологијата кои кога ќе се спојат нудат еден широк спектар на можности за работа на глобално ниво.

Што те мотивира постојано да учиш: Она што најмногу ме мотивира да се надградувам и постојано да учам нешто ново околу оваа професија е слободата на изразување која ја овозможува дизајнот. Без разлика дали работиме за некој клиент или на некоја своја лична творба, секогаш имаме простор да оставиме дел од себе во тој дизајн.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Кога би сумирала сè досега што имаме поминато на Академијата, она што ми остави најголем впечаток е работата со реални клиенти. Оваа можност што ни ја дава Академијата е од огромно значење според мене бидејќи имаме директен контакт со клиентот. На тој начин стекнуваме искуство коешто многу ќе ни служи за во иднина.

Омилен модул и зошто: Омилен модул е доста тешко да издвојам. Но, кога би морала тоа е Logo and Visual Identity. Овој модул ми се допадна бидејќи тука ги сумиравме сите знаења и ги применивме на реален проект почнувајќи од креирање на самото лого, па сè до дизајн на брендирани материјали и веб страници.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Најголем впечаток ми остави Небојша Гелевски – Бане со неговите интересни приказни и искуства за дизајн светот.

За 5 години сакам да бидам: За пет години отсега се гледам како член на некој тим во некоја фирма или агенција за дизајн и маркетинг.

Хоби: Во последно време хоби ми е патувањето.

Омилена книга: „1984″- Џорџ Орвел

Омилен цитат: “There is a crack in everything, that’s how the light gets in”- Leonard Cohen.

 

Уписите за следната група на Академијата за Графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!