Претставување на вредноста Have Empathy преку интервју со тимот на Challenger

Роденденски овој месец решивме дека Brainster ќе ги сподели своите вредности со заедницата. Заедница составена од сите наши студенти, инструктори и компании со кои соработуваме исто така и компании, стартапи, колеги и пријатели на кои им се восхитуваме.

Прва вредност која сакаме да ја споделиме со вас е Have Empathy.

Еве како нашиот тим во Brainster ја дефинираше:

A promise to the team and to yourself to listen, have no judgments and change.

A promise that instead of competing you will be learning.

A promise to always put yourself in others’ shoes.

Како и дефинициите така и изборот за претставник на оваа вредност за нас беше едногласен и многу очигледен, апликацијата Challenger. Вистински тригер за успех денес е да создадеш одговор на проблем со кој се соочува една група во општеството, Challenger успеаа во тоа. Прочитајте зошто ја одбравме апликацијата Challenger за претставник на вредноста Have Empathy.

Се согласувате ли дека следната голема иновација доаѓа од идеја која решава проблем на одредена група во општеството? Кој беше тригерот да ја создадете апликацијата Challenger? 

Нашиот тим верува дека проблемите во општеството се одлична можност за креирање на алатки и бизнис решенија кои ќе ја подобрат моменталната состојба. Велат, таму каде што нема проблеми не може да има нови решенија и напредок. Па, така се создаде и нашиот тим со мисијата да ја искористиме технологијата за добро. Живеејќи во Скопје, еден од најзагадените градови во Европа, ни беше тригер да направиме нешто. Сите се повикуваат дека треба да се пронајде решение за аерозагадувањето. Ние одлучивме да бидеме дел од тоа решение – а не дел од проблемот. Сакаме да им покажеме на нашите сограѓани дека нашите индивидуални активности и активностите на нашето опкружување, може да донесе мали промени, а со тоа да ги мотивираме и неактивните учесници да ни се придружат во предизвикот. Ако до сега беше мит некој да те награди за совесното и еко однесување, ние одлучивме да го промениме тоа.

Колку често размислувате за начинот на кој ја третираме природата и нашиот mindset за зачувување на планетата?

Цело време. Мисијата на Challenger е да создаваме општествено одговорна заедница која создава позитивна промена преку развивање на подобри индивидуални навики, а со самото тоа сакаме да допринесеме сите луѓе да живеат во одржливи и зелени заедници. Сето ова нема да се случи доколку не почнеме поинаку да се однесуваме кон природата и работите кои не опкружуваат, бидејќи кога се грижиме за природата се грижиме и за нас самите. Затоа Challenger поттикнува активно движење пешки и на велосипед, бидејќи тоа не е само за да го заштитиме воздухот, туку им помагаме и на нашите сограѓани да создаваат здрави навики, а оние кои се веќе активни да ги наградиме.

Дали апликацијата беше нешто кое ви дојде природно? Како идеја или сон кој отсекогаш сте замислувале да го остварите?

На минатогодишното издание на Startup Weekend Skopje се поклопија коцките, правите луѓе, октомвриски викенд исполнет со предизвици, ентузијазм и енергија и така почна приказната на Challenger. Теодора ја носела со себе идејата подолго време, но Startup Weekend Skopje каде почнавме заедно да работиме на реализација на истата. 

Дали се согласувате дека луѓето имаат многу малку емпатија за работите кои не влијаат на нив директно?

Оваа изјава е до некаде точна. Сепак постојат луѓе кои имаат емпатија и се свесни за одредени проблеми, но се чуствуваат немоќно да го решат истиот.

Дали работењето на проблемите на животната средина е нешто кое го радува целиот тим? Дали сите ја делите истата пасија за еко проблемите и подобрување на општеството? Дали сметате дека за успех на еден проект или компанија е важно и приватно тимот да ја споделува истата пасија за проектите и вредностите?

Најчесто, за да се дојде до некоја идеја, потребно е некој добар тригер. Нешто да те инспирира или изнервира 🙂 Нашиот заеднички тригер е аерозагадувањето. Овој проблем ние го прифативме како наш предизвик, а со тоа да го оствариме нашиот сон и да направиме нешто за нашите сограѓани.

Објаснете го импактот кој го има секој од тимот заеднички. До кого може секој од вас да допре и што кажува вашата работа за вашите вредности?

Koга некој ќе го погледне нашиот тим делуваме како една компитабилна целина кој има голем сон, воедно секој еден од нас има различни вештини и мрежа на контакти. Најважно од се е дека имаме слични животни мисии, а кога би се ставило во една реченица: секој еден од нас има за цел да направи и да биде дел од промената во средината која живееме, преку создавање на сопствената најдобра верзија. Одблиску ова се членовите на нашиот тим:

Теодора – Девојката со точакот 🙂 Девојката која ги забележува најмалите детали и грешки, едноставно има око за детали и моќ на аналитичност. Личност која верува дека се ќе биде во ред и е секогаш спремна да помогне на било кој член од тимот. Ете тоа е нашиот CEO 

Стефан – Млад, згоден и неопходен 🙂 Човек кој ја посветува целата енергија да го креира фронт-енд делот на Challenger. Не се откажува лесно и влегува во „длабокото“ со цел да го оптимизира корисничкото искуство на Challenger. Team member кој иако е програмер без проблем се вклучува во продажба и наоѓање на контакти од своето долгогодишно искуство во невладиниот сектор. 

Митко Енергичен млад татко 🙂 Човек кој е секогаш позитивно насочен кон секој проблем. Иако влезе последен во тимот, ни донесе еден поинаков елан и енергија, не натера да ги забрзаме работите, бидејќи верува силно во нашиот сон. 

Понекогаш вели: „Ова го правам за подобро утре на Марио“ (нашиот најмал член на Challenger) Воедно е одговорен за back-end делот на апликацијата. Така да Митко е виновникот за купоните кои ќе ги генерирате, и кај него се фаќаат врски за да бидете на врвот на ранг листата на Challenger.

Олга: Волонтер, workaholic и вечен оптимист за подобро утре:) Олга, нашиот најмлад teammate, која обожава организирање, како на личните таскови, така и на тасковите во тимот. Таа е полна со енергија, секогаш спремна за остварување и на најтешките цели, со неверојатна моќ за проценка на луѓето. Нашиот pitch MC кој неуморно и со голем ентузијазам зборува за Challenger и нашата приказна на бројни настани.

Вашиот стартап е перфектен пример за една од нашите вредности како компанија, Have Empathy. Како би ја објасниле вашата пожртвуваност како стартап кон тимот и општеството? 

Како тим ние се посветуваме да создадеме алатка која заедницата ќе ја користи за правење општествено добро. Ние ги предизвикуваме граѓаните да го направиме првиот чекор кон намалување на аерозагадувањето.

Сакаме да ги советуваме стартапите, претприемачите и приватниот сектор да се поддржуваат и да си помагаат меѓусебно, бидејки заедно можеме да направиме чуда. Да не заборавиме дека бизнис секторот ја има наголемата моќ да создаде промени во своето опкружување, и сметаме дека е дојдено вистинското време како да допринесеме на зачувување на животната средина. Како тим веруваме дека само како сплотена заедница може да се постигнат резултати,токму затоа емпатијата, мотивацијата и подршката од луѓето е главниот двигател на сите промени.

Како ја гледате иднината на нашата планета и вашиот импакт во неа. Што е она кое ве возбудува за иднината во вашата област. Дали гледате поврзаност помеѓу технологија и природа? Дали сметате дека технологијата може да помогне во зачувување на природата?

Тоа што не возбудува се многубројните аспекти на кои што ние како луѓе може да делуваме. Планетата е нашиот дом, и за жал немаме друг резервен дом, затоа мораме пред се да се освестиме за реалните проблеми, а потоа заедно да влијаеме и придонесеме кон нивно решавање. Низ светот има многу слични приказни на нашата, и ние токму се инспирираме од нив, затоа што се доказ дека кога бизнис прави импакт има шанси да успее. Најважното прашање за било кој бизниси е ЗОШТО го правиме тоа што го правиме (производ или услуга). Нашиот одговор е дека сакаме да направиме позитивен импакт, односно да влијаеме на градење на одговорни и одржливи навики кај луѓето, а со тоа да влијаеме врз животната средина. Ние се стремиме да бидеем пример дека технологијата може да донесе позитивни промени, па затоа одбираме да ја користиме технологијата за добро. 

Дали мислите дека Challenger ќе биде game changer во начинот на кој луѓето треба да размислуваат за иновативни решенија за апликации? 

Ние ја гледаме Challenger ако мобилна апликација која создава зелени промени во европските градови, приказна која е пример како и од Балканот може да создаваме промени со помош на технологијата. Воедно, Challenger ја гледаме како успешна Балканска приказна која успеала да донесе промени во однесувањето кај граѓаните, и да допринесе во менувањето на негативните Балкански навики. Наш личен успех би било доколку Challenger биде барем дел од причината поради која Скопје ќе стане зелен град, со намален сообраќаен метеж, почист воздух и зголемен број на велосипедисти, како и подобрена инфрастурктура на скопските улици.

Сакаме луѓето барем за мал дел од нивното секојдневие да го гледаат животот како игра каде работите можат да се подобрат, а тука е Challenger да им помогне во тоа. Ние велиме приклучете се на предизвикот да го направиме нашето општество подобро место за живеење, за нас и сите идни генерации. Кога преку игра ненаметливо ги решаваме општествените проблеми веруваме дека повеќе луѓе ќе сакаат да се приклучат и да бидат победници.

Како гледате на растењето и идните промени на вашиот стартап во иднина? 

Ние го гледаме Challenger како алатка – наш производ кој може многу да се развива. Како тим имаме многу идеи како можеме да ја користиме технологијата за уште многу други иновативни и општествено одговорни активности. Се надеваме дека во понатамошна фаза ќе ги оствариме овие наши замисли. Лесно е да се сонува, но за execution e потребно многу работа. Токму затоа одлучивме сите креативни идеи и решенија да ги ставиме на почек, а Challenger да ја извадиме во наједноставната форма. But more things/features are coming soon, нема да застанеме со првата верзија 😉

Како што велиме во нашиот тим, ние сакаме да ги предизвикаме луѓето да бидат општествено одговорни, но за да можеме тоа да го направиме создавањето на Challenger е нашиот најомилен и најголем предизвик. Сите созреавме за овој период, научивме многу од луѓето што ги запознававме низ процесот. Се уште учиме, и сега знаеме кога треба да кажеме НЕ, затоа што на почеток тоа е најтешкото нешто. Најважно е што некои работи што пред некое време ни изгледаа комплицирани и тешки, сега се лесно надминливи. Многу е важно да се остане свесен за работите што ни се случуваат и да учиме од нив. Ние сме уште на почетокот така да ролекостерот уште не застанал, туку напротив сега го почнува новиот круг, па ќе видиме што не очекува.

Како дојдовте до името Challenger? Дали има конекција со името на вселенскиот шатал Challenger?

Искрено тоа беше идеја на Теодора 🙂 Challenger е затоа што сакаме да ги предизвикаме луѓето и компаниите да бидат дел од промената. Самата аппликација има предизвици – challenges, па токму затоа сметаме дека оваа мобилна апликација е главниот „предизвикувач“ на промените кои треба да ги донесеме во нашиот град, држава па и во регионот. Воедно, Challenger не предизвикува/мотивира да се натпреваруваме со самите себе и да си поставуваме нови таргети како активни граѓани. Никогаш не сме помислиле да го поврземе со вселенскиот шатл Challenger. Кога подобро ќе размислиме сега ни дадовте нова насока, фала Ви на ова 🙂

Related Stories For You