Сигурно до сега имате слушнато за content marketing. Можеби и сте имале неколку обиди за нејзина апликација за потребите на вашиот бизнис. Но, во најголемиот дел од случаите, резултатите не ги оправдале потрошените ресурси. Причината за тоа: успехот на секоја content marketing кампања е базирана на збирот на одлично испланираните активности (солиден план).
Во продолжение ви нудиме низа од четири чекори, кои доколку ги следите и правилно извршите, ке добиете максимални резултати.
1.Истражувајте
Пред да започнете со барање на содржина и креирање на календарот на објави, морате да направите истражување и да си поставите неколку прашања:
- Какви прашања имаат моите клиенти? Која е нивната најголема болка во моментов?
- Што објавува мојата конкуренција?
- Какви типови на постови имаат најдобра посетеност и сл?
- Како можат моите постови да бидат подобри?
- Дали постојат некакви едукативни празнини во мојата индустрија?
- Кои теми се секогаш “IN” во мојата област?
- Која е основата за која моите клиенти ќе бидат заинтересирани секогаш?
Со цел да ви помогнеме да добиете подобри одговори на претходните прашања, можете да се користите со неколку алатки и стратегии:
- Buzzsumo – Ви овозможува да ги пронајдете популарните објави низ социјалните медиуми, да следите и да се поврзете со лугето кои ги споделиле.
- Quora – Пребарајте популарни и чести прашања за вашата индустрија.
Имате забелешки и неколку идеи? Оставете ги настрана за момент, затоа што прво нешто што ќе треба да направите е да…
2.Развиете план за различни канали
Многу луѓе го поврзуваат content marketing исклучиво со блогирање, но тоа не е нималку блиску до вистината. Солиден content marketing план покрива неколку канали:
- Блог постови
- Интервјуа со експерти
- Вебинари
- Видео содржини – tutorials, guides, webinar
- Case studies
- Industry researches and presentations
- Contests/Giveaways
- Инфографици
- Resource libraries
- Online communities/forums/Q&A platforms
- Guest posting, outreach campaigns
- Подкастови/аудио записи
Гледате? Постојат различни опции освен блог постови.
Но тоа не значи дека треба да ги употребувате сите, освен во случај ако имате доволно ресурси, се разбира. За најдобри резултати, фокусирајте се на 3-5 кои се релеванти за вашата индустрија и бизнис. За да ги идентификувате правилните, прашајте си ги следниве прашања:
- Што прави мојата конкуренција?
- Какви типови на содржина функционира најдобро за нив?
- Кои канали не ги користат? Зошто?
- Која цел може да се постигне со овој канал? Какви бенефити ми нуди – сообраќај, leads, приход, дополнителен авторитет во индустријата и сл?
- Што би сакал луѓето да прават откако ќе дојдат во допир со содржината што е публикувана?
Додадете ги овие забелешки на претходните, и можете да продолжите со следниот чекор.
3.Направете brainstorm за правите идеи
Од компонентите ги имате “што” и “каде”, сега на ред е да им се даде соодветна форма.
Земете голем лист хартија и пенкало и напишете најмалку 20 идеи за содржината за секој канал кој планирате да го активирате.
На почетокот, можеби ќе имате малку идеи кои ќе можете да ги запишете, но како што поминува времето ќе ја зголемувате листата. Во прилог ви нудиме неколку алатки кои може да ви помогнат околу креативниот дел:
- HubSpot Topic Generator ви помага да дојдете до интересни идеи и теми за кои понатаму би пишувале.
- Banjo ги пронаоѓа најзборуваните / најкоментираните / најсподелуваните вести и постови низ социјалните мрежи и интернетот, базирано на одредена локација.
- Help Me Write е заедница на луѓе кои пишуваат и ги споделуваат своите идеи со останатите за што се врши одредено рангирање на база на интересот за читање. Мора да признаете дека ова е одличен начин како да ги тестирате вашите идеи и замисли.
4.Планирајте го извршувањето на содржината
За да го искреирате идеалниот календар за реализација на содржина, треба да земете предвид неколку работи:
- За колкав период имате намера да планирате однапред? Ова во голема мерка зависи од вашата индустрија / гранка. Во многу случаи, одредени теми остануваат атрактивни и после неколку месеци, но ако менаџирате онлајн маркетинг агенција, тогаш SEO стратегиите би се менувале многу често.
- Кој ќе ја изврши вашата стратегија? Дали имате in-house тим или планирате да го дадете извршувањето на надворешна агенција? Направете добра анализа на предностите и недостатоците во двата случаи.
Спојте ги информациите со вашите претходни забелешки за да ја усогласите целосната стратегија, и пуштете се во акција.
Last, but not least, погрижете се секој од тимот да е свесен за крајните рокови и погрижете се секој да ја сфати својата улога. Штом ќе ги објавите вашите артикли, промовирајте ја содржината на секој можен начин со цел да достигне максимален досег до потенцијалните клиенти и запомнете: никој нема да знае колку cool содржина имате, ако не им кажете!
Среќно
brainster.co заедницата
Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.