Нахранете го ѕверот – “Маркетинг алатка #5”

Маркетинг алатка на денот е серија од микро постови со цел да ги запознаеме македонските стартапи и маркетинг ентузијасти со интересните алатки од областа на маркетинг индустријата кои секојдневно се користат ширум светот.

Алатка #5 Curata

Секоја компанија се соочува со истите предизвици, без разлика дали е мала или голема, кога е во прашање реализацијата на маркетинг кампањата. Секогаш имаме потреба од повеќе време, ресурси и квалитетна содржина за да ја пренесеме правилната порака до нашите клиенти.

Запознајте го ѕверот – Curata!

Curatа претставува ултимативна маркетинг алатка која може да ви помогне во процесот на реализација на поголемиот дел од целите поврзани со маркетинг. Оваа алатка го решава вообичаениот проблем од немање доволно содржина или ресурси за да креирате содржина преку исползување на моќта на екстракцијата (curation).

Постои едно непишано правило кај маркетерите за добро избалансирана маркетинг диета односно микс. А тој микс го сочинуваат: содржина од вашиот бренд (40%), а остатокот содржина од трети канали. Оваа алатка Ви овозможува да идентификувате квалитетна содржина, да екстрактувате (извлечете) теми кои се важни за вашата публика како и можност за нивна дисперзија низ различни канали, вклучувајки и email.

Немате потреба да изградите нов вебсајт затоа што Curata може да се закачи на WordPress или било која друга платформа и да ја користите. Ако немате вебсајт, не грижете се – Curata Ви нуди можност за microsite производ. Овој microsite може да биде прилагоден на начин на кој вие сакате и во согласност со брендинг насоките на Вашата компанија. Една од опциите на овој microsite е и word processor-от кој што доби доста позитивни забелешки и кој може да ви асистира при форматирањето и објавувањето на содржина на многу едноставен начин. Оваа алатка во голема мера се разликува од она што е понудено со останати CMS платформи и блогерите кои ја имаат користено Curata ја имаат почувствувано оваа придовика и како резултат се немаат вратено назад на традиционалните начини на блогирање.

Curata можете да ја пробате за бесплатен период од 30 дена а за понатаму ќе треба да платите членарина од $1,000 месечно. Можеби и изгледа многу за наши “македонски услови и стандари” но доколку сте сериозна и професионална маркетинг агенција или оддел во компанија која сака сериозно да биде сфатена од заедницата и кога ќе ги земете во предвид сите заштеди поврзани со изнаогање на практикант, вашето време како и бенефитите од аспект на зголемен сообракај на вашиот сајт – можеби и не е многу!

Дали сте спремни за екстракција?

 

Среќно

brainster.co заедницата

Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.

Related Stories For You