Студентите на Академијата за UX/UI дизајн успешно го завршија својот прв Хакатон

Минатиот викенд нашите студенти од 1-та група на Академијата за UX/UI дизајн работеа 48 часа на реален проект, а со тоа успешно го завршија својот прв Хакатон.

Тие се натпреваруваа меѓу себе како дел од едно возбудливо искуство кое им покажа како е да работат под притисок и да го употребат целото стекнато знаење досега од академијата.

Покрај тоа, притисокот беше уште поголем бидејќи завршните проекти беа презентирани пред комисија составена од компании од Тech индустријата: Slice, Devsy, Enterprise League, Alticus.

Ајде да видиме што се случуваше во овие 2 дена непрекината работа.

Дознај повеќе за реалните проекти на Академијата за UX/UI дизајн, кои ќе станат дел од твоето професионално портфолио.




Согласно условите на хакатонот, учесниците беа поделени во 4 тимови од по 4 членови, кои што започнаа со работа во петокот во 18 часот, веднаш по зададениот бриф од Learning партнерот. Нивната задача беше во рок од 48 часа да го завршат проектот што подразбираше дизајнирање „Маркетинг Мапа на Македонија“.

Хакатонот продолжи два цели дена под менторство на инструкторите Јане Наумовски, Благојче Кузески и Дијана Димитриевска. Менторите беа достапни континуирано достапни за консултации и им помогнаа на студентите успешно да го завршат предизвикот!

Ментори: Дијана Димитриевска, Јане Наумовски, Благојче Кузески

Од прва рака, ќе ви раскажеме во неколку чекори како се одвиваше процесот и ќе ви ја пренесеме атмосферата од Хакатонот.

48-те часа работа започнаа…

Најпрво, по отворањето на Хакатонот секој од тимовите одржа интервјуа со клиентот, со цел да собирање повеќе информации за тоа кои се неговите потреби и очекувања. По, зададениот фидбек самостојно секој од тимовите работеше на сопствената маркетинг мапа. 

За да имаат успешна завршно излагање, секој од тимовите требаше да изработи презентација што во себе го содржи брифот, интервјуата со клиентот, предлозите и иновациите до клиентот, како и тестирањето заедно со финалното решение.

Бидејќи тимовите на овој Хакатон работеа на реален проект кој што беше наменет за дигитални маркетери, како тестери на продуктот кои што беа вклучени беа искусни маркетери од маркетинг агенции и фриленсери: Ива Дујак од Brand Union, Ива Јаковчевска од Division, Трајко Џиков од Pixel и многу други.

Тестери: Ива Дујак, Ива Јаковчевска, Трајко Џиков


Презентации пред комисија

Атмосферата се вжешти во недела во 18 часот, кога тимовите ги презентираа своите завршни решенија пред комисијата. 6 члената комисија беше составена од CEO’s, HR кадри и UX дизајнери од компаниите Learning партнери. На менторите не им беше дозволено да гласаат.

Компании вклучени во Хакатонот

Q&A Time!

По презентацијата на секој тим, членовите од комисијата имаа можност да поставуваат прашања. Времето за Q&A беше особено важно за комисијата да процени како тимот го брани својот продукт и колку можат да се снајдат во различни ситуации.

Презентација на Тим 3


Победник

Навистина беше тешко да се одбере победникот, бидејќи секој од тимовите беше уникатен на свој начин и понуди различни решенија. Но, според правилата, комисијата го прогласи Тимот 2 за победник составен од Марија, Зорана, Анастасија и Драган. Оваа екипа следниот викенд ќе работи како помош на Хакатонот на Академијата за Front End програмирање, а така и продолжува и развојот на овој реален продукт.

Победнички тим- Тим 2

Сите членови на тимовите беа длабоко посветени на предизвикот и вложија огромен труд. Она кое што е навистина за пофалба е 48 часовната работа на студентите, кои што работеа со полна пареа и дојдоа до крајниот резултат по само 4 месеци учење на Академијата.

Целиот тим на Brainster е горд што може да се пофали со студенти кои бескомпромисно се вложуваат во тоа што сакаат да го работат, кои имаат голема страст за оваа професија и кои што не потклекнуваат под предизвици. Упорноста што ја поседуваат ќе биде една од клучните одлики што ќе им помогне да станат успешни UX/UI дизајнери.

Огромна благодарност до членовите на комисијата и компаниите кои што ни ја дадоа нивната доверба и поддршка бидејќи без нив не можевме да го реализираме Хакатон. Ова е потврда и мотивација за сите дека компаниите кај нас веруваат во посветени таленти кои се трудат и даваат се од себе за да научат нешто ново и да ги надградат своите вештини!

Ако си заинтересиран за кариера како UX/UI дизајнер, Академијата за UX/UI дизајн е идеалната појдовна точка. Дознај повеќе за следниот уписен рок тука.

Related Stories For You