Разбуди се среќен и одморен. “Производ на денот #5”

Производ на денот #5
„Производ на денот“ е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските иноватори и стартапи со интересните технолошки достигнувања кои секојдневно се појавуваат низ светот. Оваа иницијатива е нa brainster заедницата.

Производ на денот #5 Sense.

Сигурно ви се има случено после долг напорен работен ден да спиете долги часови, но и покрај тоа да се чувствувате ненаспано и уморно. Тоа е знак дека условите во кои спиете не дозволуваат да имате квалитетен сон. Подобрување на квалитетот на вашиот сон, чувството на свежина и наспаност во утрото значи и поголема продуктивност во текот на денот.
Како до поквалитетен сон? Sense е паметен аларм кој го анализира целиот циклус на вашето спиење и ви дава детални информации за тоа како сте спиеле, односно што е тоа што го нарушува вашиот квалитетен сон. Sense е пред се аларам, па негова основна функција е да ве разбуди во најоптималното време потребно за свежи за да го започнете денот. Си одбирате една од 15те понудени мелодии, а тој сам одлучува која е најдобрата јачина на звукот со која би Ве разбудил без притоа да ви створи паника и да го започнете вашиот ден “наопаку“. Го следи секое Ваше движење за време на спиењето, со што Ви дава информации во колку часот сте заспале, кога сте станале, колку долго сте спиеле, кога сте се движеле, кога вашиот сон бил квалитетен а кога не и зошто. Да токму така зошто, Sense паметниот аларм ви дава информации и за условите во кои сте спиеле, односно што се случувало во Вашата околина. На пример во колку часот сте биле вознемирени од некоја бучава, ја следи температурата во просторијата(премногу ниска или можеби премногу висока за добар сон), влажноста, Ви дава информации за светлината во просторијата(премногу силна светлина или можеби недоволно осветлување на просторијата).

sense 2
Sense е првиот производ на Hellо. Hello е основана од страна на James Proud во јули 2012 година, со седиште во Сан Франциско. Нивна цел е да направат производи кои би се користеле секојдневно. Sense беше објавен на 23 јули 2014 година на Kickstarter со над 2,41 милиони долари во нарачки во првиот месец, а цената на еден производот изнесува 129USD.
Sense е паметен систем кој работи врз база на податоците кои ги собира за Вашиот сон, што значи колку подолго го користите толку попаметен станува, подетални ќе бидат информациите кои ќе ги добивате.

Со деталните информации за вашиот сон, вие ќе знаете што точно да превземете за да го направите Вашиот сон поквалитетен, затоа што после квалитетен сон ве очекува максимално продуктивен ден.

Среќно
Brainster заедницата

Related Stories For You

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!