„Маркетиг алатка“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Кога започнував со блогирање и пишување на содржина, морам да признаам дека бев под своите можности – пишувајќи само 1 на ден и тоа со сила. Но сега, тоа се промени – повеќе немам проблем со пишување. Можам да кажам дека пишувањето и ми е најлесниот дел од целата приказна. Она што најмногу ми одземало време и енергија, а сигурен сум дека и на повеќето други, е форматирање и едитирање.
Голем дел од форматирањето и едитирањето, па можеби и најважниот дел, е пронаоѓањето на одлични фотографии кои иницијално ќе го привлечат и задржат вниманието на идните читатели. За волја на вистината, континуирано сум во потрага по уникатни фотографии, во висока резолуција, кои истовремено нема да ме оптоварат финансиски, односно кои се бесплатни.
Случајно го пронајдов Skuawk, веб сајт кој содржи голем број на слики кои а) ги немам сретнато на друго место сеуште и б) можат да бидат бесплатно користени. Сајтот изобилува со слики од различни категории вклучувајки пејсажи, технологија, луѓе и сл. Само кликнувате на една од категориите и веднаш ви се прикажуваат еден куп слики кои не изгледаат како stock слики.
Можеби ќе ве интересира:
- Нотес за 21-от век: Rocketbook Wave – производ на денот #9
- Превземете контрола над вашиот Gmail портал со Boomerang – стартап алатка #9
- Дознајте каква интеракција имаат посетителите со вашата страна – маркетинг алатка #8
Искрено, некои од нив и изгледаат како stock слики (ова е бесплатен сајт пред се), но истовремено постојат и голем број на слики кои изгледаат одлично. А сега појдете на Skuawk и одберете неколку одлични фотографии кои можете слободно да ги користите за вашиот следен пост.
Среќно
brainster.co заедницата
Photo Credits:
Skuawk