За сите урбани велосипедисти – “Производ на денот #6”

„Производ на денот“ е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските иноватори и стартапи со интересните технолошки достигнувања кои секојдневно се појавуваат низ светот. Оваа иницијатива е нa brainster заедницата.

Велосипедот повторно стана едно од омилените превозни средства на луѓето во последните години. Oд 2003 година се произведени повеќе од една милијарда велосипеди што е двојно повеќе од бројот на автомобили произведени во истиот период. Функционално и удобно превозно средство кое е вистинско решение за избегнувањето на сообраќајниот хаос во урбаните средини.
CycleLabs е група на велосипедисти-иноватори кои сакаат возењето на велосипед во урбаните средини да го издигнат на едно сосема ново, повисоко ниво. Добро познавајќи ги проблемите на велосипедистите тие ни го преставуваат својот производ SmartHalо кој урбаниот велосипедизам го прави побрз и побезбеден од било кога. Навигација е основната функција на овој нов производ.

SmartHalo_bicycle_LED_colors

 

Го поврзувате SmartHalo со вашиот паметен телефон, ја внесувате локацијата до каде треба да стигнете во апликацијата и тој ви ја покажува најкратката и најбезбедната рута. Со помош на спектар на бои ви го покажува правецот во кој треба да се движите на црната кружна основа, се со цел што помалку да и пречи на вашата концентрација при возењето.

SmartHalo автоматски ја следи брзината со која возите, должината на патот што сте го поминале, колку време возите, надморската височина која сте ја совладале и колку калории сте согориле при возењето. Покрај тоа што SmartHalo ви дава информација за точната локација во секој момент тој исто така ја памти и точната локација каде е паркиран вашиот велосипед и во случај да заборавите ве известува преку порака. Најдобро од се е што овој продукт е толку паметен што самиот знае кога треба да се вклучи и кога треба да се исклучи. Tимот на CycleLabs со својот производ одат дотаму што во него вградуваат и аларм па така кој и да сака да го ”позајми” вашиот велосипед нема да може да го направи тоа незабележано. Поради сигналот кој го добива од вашиот телефон SmartHalo знае дали сте вие тој кој сака да го вози велосипедот или не, со што се вклучува аларм и вие веднаш ќе бидете информирани за тоа. Овој уред работи на батерии кои доколку често го користите велосипедот ќе траат околу три недели, пред повторно да треба да се наполнат.

 

Минималистичкиот дизајн прави овој уред да одговара на најразлични типови и бои на велосипеди.
SmartHalo е нешто што секој љубител на урбаниот велосипедизам би сакал да го има, а тоа го потврдува и супер успешната kickstarter кампања каде од преку 2.700 вложувачи собра повеќе од 430.000 USD. Претворете го вашиот обичен велосипед во паметен велосипед и со него патувајте брзо и безбедно до секоја локација во било која урбана средина на светот.

Дали вие размислувате да развиете ваков кул производ?

Среќно

Brainster заедницата

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.