„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.
Gi FlyBike е електричен „smart” велосипед кој е лесен за одржување и “пакување“. Опремен со 26 “тркала, овој велосипед е идеален за полесно урбано патување. Направен од ултра лесен алуминиум, FlyBike може да се пренесе било каде – автобус, воз, канцеларија, лифт, па дури и смести во шкафче. Овој велосипед им го дава на луѓето токму она што им треба – слобода да се вози без товар или ограничување.
https://www.youtube.com/watch?t=2&v=_k25WCQcgWk
Карактеристиките на Gi FlyBike го прават овој велосипед одржлив, технолошки напреден, а можеби и најважно – практична опција за патување. Секоја од горенаведените карактеристики претставуваат одговори кои потекнуваат од едно единствено прашање: како може да се подобри нашиот секојдневен начин на транспорт?
Популарни курсеви:
„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”
„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“
„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“
Карактеристики:
- FlyFolding System: се “пакува“ за една секунда и со едно едноставно движење
- Electric Flight Assistance: возете 40 милји (60 км) со едно полнење на LiFePO4 батеријата
- GPS System: безжична синхронизација со iOS и Android
- Solid, Anti-Puncture Tires: Нема повеќе дупнати гуми
- Belt Drive: Само-оддржлив: Без масло и без бучава. Немате повеќе потреба да се грижите за вашите панталони
- USB Phone Charger: вашиот телефон останува поврзан и никогаш нема да останете без батерија
- Smart Locking System: се заклучува автоматски кога ќе се одалешите 5 метри од него
- LED Smart Lights: Се контролираат од далечина и автоматски со апликацијата
- Sharing Program: Креирајте персонален профил и споделувајте ги Вашите Gi FlyBike патувања со пријателите
Во пакет со велосипедот доаѓа и неговата апликација Gi FlyBike App, која ви овозможува целосна контрола на сите функции на велосипедот, вклучувајќи ги и неговите електрични алатки за помош, ГПС систем, паметно заклучување и паметни светла. Апликацијата нуди и сопствена програма за “позајмување“ на велосипедот: позајмете го вашиот Gi FlyBike на пријател преку безбеден код со барање за пристап. Дополнително, оваа апликација ви овозможува да ги споделите вашите омилени “рути“ преку социјалните медиуми како и следете на Вашата фитнес статистика.
Дочекајте ја иднината спремни и нарачајте си го овој револуционерен велоспиед преку Kickstarter по цена од 2000$ (со вклучена испорака) и очекувајте го во Јуни 2016. Дали сте спремни за една јулска #НаТочак рута?
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата