„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.
Во свет во кој изобилуваат најразлични камери и селфи стапчиња, се чини дека нема потреба од уште некој технолошки изум , за луѓето да го потхранат својот нарцизам. Но, една нова камера ќе ги однесе работите на следното ниво.
Lily е најновиот модел на дрон камера, која има за цел да ја “раздрма“ не само индустријата на беспилотни летала, но и индустријата на камерите. Таа е првиот во светот од типот “фрли и сликај” камера, која ви овозможува снимање на секаков вид на воздушни филмски фотографии и видеа, без потреба да се користи уред за пилотирање.
Користење на Lily вклучува уред за следење на субјект што сакате Lily да го следи, фрлање на Lily високо во воздухот, и потоа таа лета и ја слика/снима активноста која “субјектот“ ја извршува. Lily користи GPS и компјутерска визија да ги следи вашите активности до 25mph и ќе ве има во центарот на кадарот.
Популарни курсеви:
„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”
„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“
„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“
Беспилотното летало е водоотпорно и плови, овозможувајќи ви безбедно да го слетате во вода доколку имате потреба од такво нешто. Lily лесно се вклопува во ранец и тежи помалку од просечен лаптоп. Камерата може да фотографира со 12 мегапиксели, 1080p HD видео со 60fps и 720p / 120fps забавена снимка. Внатрешната батерија овозможува снимање/сликање за 20 минути од секое полнење.
Во моментов Lily може да се пре-нарача преку официјалната веб страна и за сега се нуди по намалена цена од 799$. Кога ќе започнат со официјална продажба во Февруари 2016 ќе чини 999$. Се испорачува и до Македонија, за испорака се доплаќа 40$, што значи дека за една Lily ќе треба да одвоите 839$. Колку од вас се спремни да направат селфи со Lily?
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата