Блутут слушалки кои редуцираат врева!

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива, споделете со пријателите.

Доколку ви пречи вревата во преполна сала за вежбање, гужвата во автобус или пак имате “среќа” да го делите креветот со партнер кој ‘рчи, тогаш топло ви го препорачуваме денешниот производ на денот – Plugfones.

Plugfones ја изолираат вревата на начин што служат истовремено како слушалки и тампони кои не пропуштаат звук.

Содржат Bluetooth 4.0 антена, дизајнирани се на начин да не пропуштаат пот, имаат микрофон кој ја намалува вревата, опција за контролирање на музиката и плеј-листата, водоотпорен USB конектор за полнење како и батерија која може да трае до 8 часа.

1

Содржат Bluetooth 4.0 антена, дизајнирани се на начин да не пропуштаат пот, имаат микрофон кој ја намалува вревата, опција за контролирање на музиката и плеј-листата, водоотпорен USB конектор за полнење како и батерија која може да трае до 8 часа.

2

Овие слушалки се компатибилни со сите уреди кои имаат Bluetooth и во моментов се достапни во две бои – жолто/темно сина  и црно/сива. Првата опција е наменета само за слушање музика додека вториот модел е наменет и за примање на повици.

Изумителот на Plugfones, Shaun, дошол до идеја да создаде тампони кои ја сузбиваат околната врева но истовремено служат и како слушалки на кои може да се слуша музика.

Откако направил истражување дали воопшто постои производ од овој тип, започнал да собира средства за првиот прототип кој го дизајнирал во својата гаража.

По безброј тестирања на слушалките од страна на неговите пријатели, направил неколку измени со чија помош дошол до уникатниот дизајн кој претставува совршен спој на слушалки за музика и тампони за редуцирање на бучава.

e301f9975af15512e89769c3e390f062_original

Plugfones ги штитат вашите уши, ви овозможуваат да уживате во омилената музика и истовремено да одговарате на повици без да се изложувате на бучавата од околината која ве опкружува.

 

Доколку ви се допадна денешниот производ на денот, поддржете го истиот на следниот линк, на начин кој вам најмногу ви одговара.

Среќно,

Brainster заедницата

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.