Средношколците од NU Academy, како дел од модулот Influencer Marketing, работеа на целосна инфлуенсер маркетинг кампања за италијанскиот бренд за очила OKKIA. Наместо само теоретски да учат како функционира инфлуенсер маркетингот, тие добија реален предизвик: да размислуваат како маркетинг тим, да истражуваат публика, да селектираат соодветни инфлуенсери, да анализираат brand fit, да развијат content стратегија и storytelling пристап, да дефинираат комуникациски концепт и да подготват план за имплементација на кампањата.
Овој проект им овозможи на средношколците да го искусат процесот на работа на реална кампања — од првата идеја до финалната презентација. Во текот на задачата, тие работеа тимски, носеа креативни одлуки, размислуваа стратешки и учеа како една идеја се претвора во применливо решение за бренд. Токму ваквите проекти се дел од практичниот пристап на NU Academy: средношколците да учат преку реални предизвици, со ментори и гости од индустријата, и да развиваат вештини кои се потребни во современиот професионален свет.


Учење од реално искуство со инфлуенсер маркетинг
Освен работата на кампањата, средношколците имаа можност да учат и од Луна Стефаноска, активна инфлуенсерка, која им даде увид од прва рака во реалниот процес на инфлуенсер маркетинг, градење публика, креирање содржина и соработка со брендови.
„Искуството беше навистина незаборавно. Толку талентирани студенти на едно место, ќе помислиш дека имаат 16 години искуство, а всушност имаат само 16 години. Научив многу од нив, а кампањите што ги создадоа ме оставија без зборови. Пред нив има светла иднина и им посакувам многу успеси.“

Што кажа OKKIA за соработката со нашите средношколци?
Од брендот истакнаа дека средношколците покажале висок степен на ангажираност, одговорност и желба за учење. Комуникацијата била лесна и продуктивна, а целиот процес течел професионално и пријатно. Најмногу ги изненадиле креативниот пристап, свежите идеи и начинот на кој средношколците размислувале надвор од рамките на брифот.
Од OKKIA истакнаа дека дел од решенијата биле практични и применливи за нивниот бизнис. Кампањите им дале нови перспективи и идеи кои можат да се интегрираат во понатамошниот развој на брендот. Според нив, ваквиот тип на соработка носи обострана вредност: средношколците стекнуваат реално искуство, а брендот добива свеж поглед и нови идеи.

Што кажаа победниците за работата на проектот?
Кога се работи на вистински проект за вистинска компанија, компанијата избира победничко решение со најголем потенцијал за примена. Овој процес им дава на средношколците искуство што е многу поблиску до реалната работа во индустријата — со бриф, рокови, презентација, фидбек и јасен критериум за квалитет.
Калина, една од победничките, сподели дека работата на вистински проект била големо изненадување и искуство кое ги надминало нејзините очекувања. Таа научила како да работи под притисок, како за кратко време да создаде нешто вредно и како да ја развие својата креативност во ситуација каде што постојат различни клиенти, идеи и очекувања.
Најголемиот предизвик за неа била несигурноста дали решението е доволно добро. Но преку позитивна критика од менторите и постојано подобрување, успеала да ја надмине таа несигурност. Според неа, токму проектите и хакатоните создаваат добри навики за понатаму — дисциплина, вредно работење, тимска соработка и самодоверба да се прифатат нови предизвици.
Борјан, исто така победник на проектот, истакна дека работата на реален проект била сосема поинакво и многу повредно искуство од обична теоретска задача. Преку проектот научил како една идеја да се претвори во вистинско решение и како изгледа соработка со реален клиент. Најголемиот предизвик бил да ја усогласи креативноста со конкретните барања на брендот, но токму тоа било и најголемата лекција. Ова искуство му дало самодоверба и му покажало како изгледа вистинската работа во индустријата.

Реални проекти за идни професии
Овој проект уште еднаш ја потврдува потребата од NU средношколските академии како надополнување на класичното образование. Средношколците треба да учат преку реални проекти, индустриски ментори и предизвици кои ги подготвуваат за идните професии.
Кога учениците добиваат можност да работат на вистински бренд, да презентираат пред професионалци и да добијат фидбек од индустријата, тие не учат само маркетинг. Тие учат како да размислуваат, како да соработуваат, како да креираат и како да веруваат во своите идеи.
Отворен е повикот за стипендии до 30.000 денари за NU Academy.
Пријави се и започни да учиш преку реални проекти, ментори од индустријата и искуства што ќе ти помогнат уште во средно да откриеш која професија е за тебе.




