„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Поголемиот дел од луѓето во светот донесуваат одлуки повикувајќи се на својот “инстинкт” или чисто на база на претпоставки при што или ќе погрешат или ќе им се “позлати”. Но компаниите во денешно време немаат право да се повикуваат на претпоставки или инстинкт, затоа што во најголем број од случаеви грешката може да биде катастрофална и да доведе до затворање на бизнисот.
Затоа денес компаниите се служат со аналитички алатки, преку кои добиваат податоци на база на кои се поинформирани во процесот на донесување на одлуки. Но навистина е тешко да се добијат вредни информации поврзани со прегледи на страни или инсталации на мобилни апликации. Во денешно време треба да се биде софистициран.
Mixpanel претставува напредна алатка за аналитика која наместо да мери број на прегледи на страници, ви помага да ги анализирате акциите кои луѓето ги превземаат на вашата мобилна апликација или пак веб страна. Како акција се смета активност како закачување на слика, пуштање на видео, споделување на статија и сл. Нивната мисија е да му помогнат на светот да научи од своите податоци.
https://www.youtube.com/watch?v=zNPsnXe4lWw
Популарни курсеви:
- “Графички дизајн за маркетери”
- „Како да креирате CV кое ќе ве вработи“
- „Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“
Постојат 2 работи кои треба да ги знаете за Mixpanel: настани (events) и својства (properties). Настани претставуваат конкретни акции односно активности кои некој ги превзема на вашата апликација или веб сајт. Убавината на оваа алатка е во тоа што ви дава можност да креирате настани кои се специфични за вашиот бизнис. Препораките од тимот на Mixpanel се да поставите максимум до 5 настани кои ќе ги следите.
Од друга страна пак, својствата претставуваат дополнителни информации кои го објаснуваат настанот. На пример, Instagram може да ви прати настан којшто се вика “закачена” фотографија. Преку тој настан, постои можност да се додадат дополнителни својства како на пр. Тип на фотографија кој ќе го утврдува типот на фотографијата која е прикачена. Може да дефинирате било какви својства, но секако истите тие треба да бидат поврзани со вашиот бизнис. Па така, можеби наместо претходно наведеното својство ќе се одлучите за својство пол или начин на плаќање и сл. Сите својства што ќе ги дефинирате, ќе ви помогнат да добиете подобра и подлабока претстава за вашиот бизнис.
Она што ги прави различни од останатите е фактот што уште во старт имаа тргнато со претпоставката дека однесувањето на клиентите на страната, наместо прегледи на страна, е она што реално треба бизнисите да го знаат со цел подобро да одговорат на потребите на бизнисите.
Доколку сакате да дознаете повеќе за тоа што го прави Mixpanel различен и подобар од Google Analytics, посетете го следниов линк.
Сакате да добивате известувања за курсеви? Регистрирајте се тука
Ве очекуваме,
Brainster заедницата