WordCamp Skopje 2019 – Споделување на знаење и искуства

На 05 и 06 октомври, WordPress заедницата ќе го организира вториот по ред WordCamp во Скопје, во просториите на ФИНКИ.

WordCamp Skopje 2019 претставува дводневна конференција каде ентузијасти и експерти за WordPress споделуваат искуства од работењето во секоја област поврзана со WordPress – од маркетинг, преку програмирање до data science. Годинава настанот ќе се одржи во просториите на ФИНКИ на 5ти и 6ти октомври.

Првиот ден од конференцијата на 5ти октомври ќе биде резервиран за предавања. Она што е интересно е дека вториот по ред WordCamp Skopje ќе има две траки, една на македонски и една на англиски јазик. Акцентот ќе биде даден на теми како што се функционален и модерен веб дизајн, предности и нови можности што ги нуди WordPress, како и предизвици и соодветни решенија поврзани со работата во WordPress.

На двете траки паралелно ќе се дискутираат различни теми – од оптимизација до маркетинг, од storytelling до e-commerce, со говорници кои се експерти од соодветните области и се добропознати на претходните WordCamp собири во регионот.

Овде можеш да ја погледнеш програмата по траки и предавања.

На траката на македонски јазик со презентации ќе се претстават и дел од нашите инструктори. Билјана Димовска, инструктор за SEO во Brainster ќе зборува за SEO и што треба веб девелоперите да знаат за оптимизирањето кај пребарувачите. Давид Шојиќ, WordPress девелопер и инструктор за WordPress во Brainster,  ќе зборува повеќе за Elementor, алатка која помага во процесот на изградба на WordPress страниците.

Вториот ден од WordCamp е Contributors Day и ќе биде резервиран за сите оние кои се активно вклучени или сакаат да придонесат до WordPress заедницата. Девелоперите кои годинава ќе го посетат настанот можат да се вклучат во креирање на плагини и  теми, превод и проширување на функционалности на оваа платформа. Во склоп на овој ден ќе се организира и детска WordPress работилница, на која сите младинци од 9 до 15 години со основни познавања на работа на компјутер ќе имаат шанса да се запознаат со алатките на платформата.

На овој линк можеш да се регистрираш и да обезбедиш бесплатен билет за работилницата, капацитетот на местата за работилницата е ограничен.

Сите заинтересирани можат да се приклучат на овој настан, без разлика дали имате или немате претходно искуство со работата во WordPress. Тука ќе биде тимот од искусни координатори кој ќе одговори на твоите прашања и ќе ти помогне што побрзо да се приклучиш и да придонесеш кон оваа платформа.

Целата програма за WordCamp Skopje и за тоа како можеш да резервираш место за настанот е овде. Цената за дводневниот настан е 20 евра, а капацитетот на места е ограничен.

За повеќе инфо, посетете ја официјалната страница на WordCamp Скопје oвде. 

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫