WeWork — Стартап кој глобално ја менува работната култура

 

 

“TO CREATE A WORLD WHERE PEOPLE WORK TO MAKE A LIFE, NOT JUST A LIVING” е мисијата на WeWork, стартап којшто глобално сака да ја еволуира работната средина. Нудејќи коворкинг простор кој овозможува заедничка работна средина, WeWork има изградено своја “Заедница на Креатори” од над 40 000 луѓе кои ги сочинуваат 69-те локации во 21-те градови низ светот. Со вредност проценета на 10 милијарди долари, WeWork е 11-ти најуспешен стартап во светот.

WeWork_logoШто е коворкинг?

Коворкинг е стил на работа во заеднички простор. За разлика од типично работење во канцеларија, најчесто коворкинг просториите ги користат фриленсери, стартапи, мали бизниси, или дигитални номади, луѓе кои често патуваат и со нивната работа не се зависни од локација. Во последниот период има и компании кои целосно ги напуштаат своите канцеларии и се префрлаат во ваков простор. Овој стил на работење се користи за да се изгради заедница којашто се заснова на отвореност и соработка.

Media_South_Bank2WeWork во Лондон

Зашто луѓето го одбираат WeWork

За релативно ниска цена, клиентите добиваат спремен простор за работа дополнето со чувство за припадност во заедница. Можеби, најголемата разлика да си дел од WeWork е што претприемачите кои плаќаат можат да ги користат сите локации. За стартапи кои се во фаза на растење, оваа понуда е бесценета.

Друга карактеристика којашто не е типична за други коворкинг простори е тоа што WeWork не е само место за милениал стартап публика. Секоја локација има поголема разноликост во поглед на старост, род и националност отколку тоа што ќе го најдеш по улиците. Демографијата во WeWork е all-inclusive. Покрај бесплатните пијалоци, шаховски табли, книги и шармантната декорација на просторот, клиентите ја сакаат енергијата, луѓето, активностите, разноликоста и духот што го дефинираат секој простор.

Media_Soho_WestЕдна од WeWork локациите во Њу Јорк

Како започна приказната за WeWork

Зад успехот на WeWork се кријат Miguel McKelvey, архитект по професија и Adam Neumann, роден во Израел кој се преселува во САД по служење во израелската морнарица.

Приказната пред отварање на WeWork започнува со зградата која ги споила двата сопственици во кои претходно работеле со своите фирми. Согледувајќи ја можноста за искористување на празниот простор од зградата, Neumann и McKelvey во 2008 го отвараат Green Desk, рана инкарнација на компанијата која подоцна ќе стане WeWork. По рапидниот успех на Green Desk, Neumann и McKelvey го продаваат за неколку милиони долари. Со овие средства го започнуваат WeWork.

WeWork за првпат ги отвара своите врати со својата прва локација во Њу Јорк во април 2011. Оттогаш, компанијата се шири низ повеќето градови во САД, а од неодамна ги отвори своите врати на глобално ниво, во Израел, Лондон, и Амстердам.

Headshot_4Miguel McKelvey и Adam Neumann

Што е следното од WeWork

Покрај глобалната експанзија со отварање на локации на сите континети до крајот на 2017, како дел од WeWork се очекуваат се повеќе социјално одговорни проекти за инвестирање во локалната заедницата. Дел од нивната агенда ќе бидат и WeLive апартманите, изнајмување на coliving апартмани кои ќе бидат над WeWork коворкинг просториите и ќе вклучуваат паркинг за велосипеди, градина, и библиотека. Во иднина ќе се користи софтвер за моделирање на зградите во WeWork стил којшто ќе играат клучна улога во креирањето на WeLive структурите.

Дали сметате дека во Скопје фали ваков простор?

Емир Слезовиќ е иницијатор за развој на коворкинг културата и е на пат за отварање на простор за поврзување на заедницата во Скопје

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫