Зошто треба да менуваш работа на секои 3 години?

Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Кариера. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Секој различно го знае правилото за идеалниот број на години поминати на истото работно место, но никој никогаш не кажал дека не треба да биде над четири.

До пред некое време честата промена на работното место алудираше на несериозност и лошо работење. Денес работите се поразлични, Y-генерацијата го промени начинот на кој се доживува работната позиција. Нивните родители се водеа по правилото дека – најдобра опција е целата кариера да ја поминеш во една компанија затоа што на тој начин работодавецот ќе ја награди твојата лојалност со добра плата. Работниците од новата генерација пак, знаат дека најдоброто што можат да го направат за својата кариера и за да загарантираат прогрес е да го менуваат редовно работното место.

blog 16 slika 2

Има повеќе причини зoшто се во право. Една од нив е тоа дека економијата не е тоа што беше и никогаш нема да биде. Работниците кои денес остануваат во истата компанија, во текот на кариерата заработуваат 50% помалку од оние кои редовно го менуваат работното место. Од друга страна, докажано е дека т.н. јob-hoppers учат повеќе, подобро работат и дури е докажано дека се полојални затоа што константно се трудат да остават добар впечаток.

Patty McCord, која до неодамна работеше за Netflix во неколку прилики досега ги советуваше младите да не остануваат на истото работно место подолго од 3 до 5 години.

Зошто учат повеќе? Затоа што често се наоѓаат во ситуации надвор од нивната комфорт-зона и постојано одново се приклучуваат на нови компании, каде знаат дека ќе треба да дадат сè од себе за што побрзо да се прилагодат. Како резултат на околностите, овие луѓе завршуваат поуспешни од другите и учат многу повеќе работи за помалку време.

blog 16 slika 1

Според Penelope Trunk, автор и успешен претприемач, животот е всушност постабилен кога често ја менуваш работата, затоа што ги развиваш вештините потребни за брзо наоѓање на работа и вработување.

Причините зoшто е добро редовно да ја „освежуваш” својата кариера се безбројни – почнувајќи од константната доза на предизвик која ја доживуваш, брзото учење и прилагодување, позитивните страни на новите почетоци, па сè до потребите од нови колеги кои ќе те опкружуваат затоа што минатите веќе ти здосадија. Направи си услуга себеси и биди храбар почесто, твојата кариера ќе ти биде благодарна за тоа.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

besplatni lekcii

Related Stories For You