Дали си опседнат/а со експериментирање, ги сакаш најновите трендови во дигиталниот маркетинг, експерт си во она што го знаеш за да зборуваш пред полна просторија и сакаш да си дел од најбрзорастечкиот стартап во Македонија?
Тимот на Brainster постојано расте и во моментов е во потрага по Senior Growth Marketer кој ќе ни се приклучи на нашето патување да станеме највлијателната компанија на Балканот. За успешно извршување на работните обврски од кандидатот ќе се бара блиска соработка со менаџмент тимот и со другите членови од маркетинг тимот, можност кандидатот да одржува тренинзи за дигитален маркетинг, да биде супер аналитичен и detail oriented, да користи податоци за донесување на маркетинг одлуките, со фокус на постојано подобрување и иновирање.
Brainster иновира и лансира нови продукти континуирано. За таа цел потребен ни е човек кој ќе работи на развивање на продуктите и нивно пласирање на пазарот, промовирање и развивање на целосни макретинг кампањи, реализација, тестирање и подобрување.
ШТО ЌЕ ПРАВИШ НА РАБОТА?
✓ Ќе работиш на развивање и реализирање на кампањи за новите продукти на Brainster
✓ Ќе развиваш и реализираш обуки за дигитален маркетинг
✓ Ќе го водиш маркетинг тимот
✓ Ќе бидеш дел од KPI состаноците и состаноците со менаџент тимот.
✓ Ќе помагаш при донесување на стратешките одлуки.
✓ Ќе спроведуваш обуки за различни теми од областа на дигиталниот маркетинг на компании и индивидуалци. Ќе подготвуваш материјали и презентации за обуките. Ќе истражуваш трендови, алатки и студии на случаи со цел постојано подобрување на обуките.
✓ Ќе го водиш маркетинг тимот кој во моментов е составен од 5 супер паметни и млади луѓе.
✓ Ќе му помагаш на тимот да ги совлада предизвиците. Ќе се грижиш за раст на тимот преку тренинг сесии, менторство и насочување.
✓ Ќе ги поставуваш целите на тимот и KPI’s.
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И КАРАКТЕРНИ ОСОБИНИ
✓ Дигитален и продукт маркетинг: SEO, PPC, Facebook advertising, E-mail Marketing, Customer lifecycle marketing, User acquisition/lead generation, Funnel Marketing, Data Driven Marketing.
✓ Екстровертна личност: Ќе зборуваш пред многу нови луѓе, ќе презентираш пред публика и ќе одржуваш групни тренинзи.
✓ Поставување на цели, анализирање на податоци и репортирање.
✓ Факултет: Не ни игра никаква улога. Повеќе ни значи твоето искуство, проекти и вештини.
✓ Искуство од 5+ години во дигитален маркетинг.
✓ Искуство со водење на тим.
✓ Организиран/a и со око за детали.
✓ Страстен за раст, технологија и образование.
✓ High-achiever.
✓ Тимски играч: смирен, корисен за тимот, способен да работи во тим без хиерархија.
✓ Јасна визија за тоа каде сака да напредува.
✓ Љубов за работа СО луѓе, љубов СПРЕМА луѓето.
ШТО НУДИМЕ
✓ ОГРОМЕН ПРОСТОР за личен и професионален развој.
✓ Супер канцеларии во срцето на Дебар Маало,
✓ Годишен бонус,
✓ Конкурентна плата,
✓ Флексибилно работно време,
✓ Годишен буџет за тренинзи,
✓ Бесплатно посетување на сите обуки во Brainster.
* Не го ставаме како предност тоа дека не работиме за празници, викенди и дека имаме 25 дена годишен одмор бидејки тоа се подразбира.
Our Manifesto:
Get Shit done, execute, execute, execute, always be learning and always be teaching, it is OK to fail, it is OK to take risks, Innovate or die, have empathy. We are a secret society.
Испрати го твоето CV најдоцна до 12ти декември на [email protected] со Subject Line: Апликација за работа.
Среќно!