Валидирајте ја вашата бизнис идеја за 10 минути – “Стартап Алатки #1”

„Стартап алатки “ е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските иноватори и стартапи со корисни алатки кои можат да ги користат при развивање на нивните произвори. Оваа иницијатива е нa brainster заедницата.

Производ на денот #1 QuickMVP – брзо валидирање на Вашата идеја

Не секоја идеја може да прерасне во реален бизнис. Сите ние имаме идеи, некои одлични некои не толку добри. Но што е потребно да се однесе една идеја на следното ниво? Како може да докажеме дека од нашите идеи може да произлезат солидни бизниси?
Добрата работа е што живее во 21-от век, во ерата на технологиите. Со напредокот на технологиите и нивната апликација, се развија услуги кои што можат да ни помогнат во процесот на валидација на нашите идеи и воедно да видиме дали сме на правата патека кон започнување на нашиот бизнис. Една од ваквите алатки е и QuickMVP.


Популарни курсеви:

„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”

„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“

„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“


Како функционира?
QuickMVP Ви овозможува да тестирате било каква бизнис идеја за само 5 минути, без притоа да имате потреба од кодирање! Комбинирајки Landing page со Google Ads, оваа алатка Ви овозможува да видите како реални потенцијални клиенти реагираат на вашата идеја, без притоа да потрошите многу време и ресурси.
Она што ја прави оваа алатка интересна и различна од другите е токму комбинацијата (интеграцијата) помеѓу Landing Page Builder и Google Ads. Но, QuickMVP истовремено Ви помага да ги идентификувате потребните метрики врз основа на кои ќе процените дали вреди да продолжите со реализацијата на оваа идеја и во иднина.

QuickMVP Demo за време на NY Tech Meetup

Дали претходно спомнавме време и ресурси? QuickMVP чини само $29.99 месечно и ќе Ви заштеди доста финансии и време (изразено во месеци) градејќи нешто кое нема да успее, и обратно; ако валидацијата на идејата е успешна – Welcome to the Millionaire’s Club!
Тестирањето на идеи не е нешто за кое се разговара / дискутира, туку нешто кое се учи правејки. Денес имаме можност и алатки да тестираме различни концепти без притоа да потрошиме многу ресурси. Валидирајте ги вашите идеи и освојте го светот!

Среќно
Brainster заедницата

Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.