Ана Стефановска после 10 години работа во маркетинг и човечки ресурси, денес е Арт директор во  Catalyst Care Group.

Приказната на Ана започнува со нејзината љубов кон фотографијата и дизајнот. Па, така започнува да учи графички дизајн и се запишува на UX/UI дизајн академијата во Brainster. Но, вистинскиот виновник за оваа незјина нова љубов можеби треба да се бара подлабоко, во нејзиниот претприемачки дух. Првото искуство на Ана со UX светот е преку мобилна апликација за планинарење – Hiketivity, каде е и co-founder. За креирање на апликацијата Ана има потреба да го искористи нејзиното знаење од графички дизајн, маркетинг, бизнис но, и да започне да истражува што значи User Experience.

Ана Стефановска ни раскажува за нејзината кариера, нејзината желба за постојано знаење и надградување и за тоа што значи да си Арт директор.

 

Како почна твојата приказна со UX/UI Design? Може ли да се навратиш на најважните моменти во твојата кариера и образование?

Мојата приказна со UX UI дизајнот почна пред неколку години преку различни маркетинг позиции кои ме доведоа прво до графичкиот дизајн а потоа и до UX/UI дизајнот. После скоро 10 години работа во маркетинг и човечки ресурси, моето прво искуство со UX беше во 2019 кога и започна приказната Hiketivity, во која бев co-founder на мобилна апликација за планинарење. Во таа приказна имав потреба да го централизирам сето знаење од графичкиот дизајн, маркетингот и бизнис девелопмент во едно, а и да ја истражам областа  на User Experience.

Така се најдов во Академијата за UX/UI во Бреинстер. По завршувањето на академијата го надоградив моето знаење и се стекнав со сертификат за Full stack девелопмент паралелно работејќи на повеќе freelance проекти. Непосредно по тоа се вработив во Catalyst Care Group на местото  UX/UI дизајнер, позиција која прерасна во Арт директор за UX/UI. 

 

 

Може ли малку да ни раскажеш како стана дел од тимот на Catalyst Care Group? Како изгледа динамиката на твојот работен ден?

Како дел од тимот на Catalyst care group станав по Linkedin препорака. Со оглед на тоа што во 3 години од UX/UI дизајнер станав Арт директор за UX/UI,  да, има можности за раст и развој. Обрвските на еден Aрт директор морам да кажам дека се бројни и многу различни. Од арт direction до UX стратегија, accessibility reports and audit, менторство, бренд архитектура и стандардизација, дизајн системи и многу други.

Најголемиот предизвик како лидер е симбиозата на тимот и правилна и јасна насока во работата. Со оглед на фактот што сум дел од маркетинг тим динамиката е многу брза, понекогаш и со брзина на светлината и секогаш со еден чекор во иднината.😊 

На што е фокусиран вашиот бизнис, какви услуги нудите и од каков профил се вашите клиенти? 

Catalyst Care Group е групација на компаниии во healthcare индустријата во UK со едно мото: To humanize care for the better. Преку обезбедување хуманизирана грижа и поддршка прилагодена на луѓето на кои им служиме, ги надминува добрите намери да постигнe вклученост и еднаквост во здравствената заштита за сите.

Кои се најважните нешта што ги научи на академијата, кои подоцна доста ти помогнаа при работа или можеби при наоѓање нова работа?

Мислам дека едно од најважните нешта коишто ги научив на академијата е Design Thinking процесот по кој работам и се водам секој ден. Сите алатки кои ни беа претставени на Академијата и ден денес секој ден ги користам.  Модулите UX in the Real World и Front-end Development ми беа едни од најомилените како продолжување и надоградување на другите. При наоѓање на нова работа ми помогнаа и сите симулации за daily meet ups и Agile методологијата која е прифатена од многу компании.




Што ти остави посебен впечаток?

Мислам дека најголем впечаток ми остави програмата и многуте модули кои се детално одбрани. Нѝ дадоа една голема long-term слика за сето она што нѐ чека како идни UX/UI дизајнери.

Морам да ги издвојам и реалните проекти на кои со задоволство работев и сѐ уште се дел од моето портфолио, и сите други колеги и ментори од академијата со кои и ден денес комуницираме и си споделуваме новости од нашата област и меѓусебно си помагаме и надоградуваме.


Колку оваа програма и едукација ти помогнаа во реализација на своите кариерни цели и понатамошниот развој на твојата кариера?

Мислам дека академијата ми ја даде потребната цврста структура за сѐ што ми беше потребно за да се надоградам и да пораснам во мојата област. Имам огромна пасија за креирање на дигитални продукти од идеја до дизајн, девелопмент и go-to-market, па моето учење продолжи и со Full stack Development, Story Brand methodology, Animation и повеќе Leadership сертификати. Мислам дека Brainster беше почетокот на мојата кариерна трансформација која ми отвори многу врати за понатамошно учење и надоградување.


Колку UX/UI дизајнот е во подем во моментов кај нас? Дали има побарувачка на пазарот на трудот за ваков вид специјалисти?

Мислам дека UX/UI дизајнот дефинитивно е во подем и побараувачката е голема. Секој UX/UI дизајнер е еден малечок свет составен од UX, продукт дизајнер, инженер, UX writer, UX strategist и visual designer. Сите си имаат појака и послаба страна или фокус за кој се стремат, но мислам дека ќе дојде еден нов бран на AI UX/UI дизајнери. 


Кои се новите вештини кои треба да ги научат дизајнери за да останат релевантни и потребни за пазарот на трудот?

UX/UI дизајнот постојано се развива за да се прилагоди на променливите технологии, однесувањето на корисниците и деловните потреби. Рапидно еволуира во трендови како voice interface design, AR/VR, accessibility, design systems, motion design. За да останат релевантни, дизајнерите мора да ги совладаат вештините за анализа на податоци и следење на метрики, 3D моделирање, accessibility guidelines, управување со системи за дизајн, анимација, соработка и етички рамки. Да, можностите се безбројни и многу предизвикувачки.

 

 

Кои се твоите следни кариерни чекори?

Мислам дека следен чекор  ми е истражувањето и дизајнирањето за AI како и програмирањето за коe сум многу љубопитна. Стартапите ми се една голема љубов па можеби и нов старт ап е на повидок 🙂  


Кажи ни малку повеќе за себе, кои се твоите интереси, имаш ли хоби и како се релаксираш?

Живеам во Скопје и сум вљубеник во мојата професија и ИТ светот. Посебна пасија имам кон фотографијата од која и почна мојата приказна во дизајн светот. Јас сум огромен foodie и мислам дека ги имам изгледано сите cooking shows на планетава па готвењето е нешто кое ме опушта и обожавам да го правам.

Патувањата се нешто со кое си ги полнам батериите и мислам дека минатата година ми беше рекордно исполнета со патувања во Јужна Италија, Англија, Андалузија, Холандија, Египет, Зимамбве и Замбија.

 

Има уште само едно слободно место на Brainster+ Академијата за UX/UI дизајн!

Доколку сакаш да слушнеш професионалци како направиле кариера од креативност, дојди на нашиот отворен настан „Од креативност до кариера“, на 26ти март од 19:00 во Лабораториум.
Види повеќе за настанот тука.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА