Студентите од UX/UI дизајн академијата на овој онлајн хакатон работеа на целосно редизајн решение за реалниот клиент Кине Мое (https://kinemoe.mk).

Кине Мое е дигитална streaming платформа. Нивната мисија е да ги прикаже богатите македонски, балкански, европски и медитеранси култури и креативности преку широка палета на аудио-визуелна содржина. Исто така, цели да овозможи дедициран простор за сите креатори на филм и артисти. Да се прикаже нивната работа и на националната публика и на гледачите низ светот.  

Овој проект имаше за цел да се изработи комплетно редизајн (desktop-first) решение, a зададените цели од клиентот беа:

  • Зачувување и промовирање на културата: Подигање и славење на македонската, балканската, европската и медитеранската култура и наследство.
  • Иновации: Прифаќање на нови технологии и креативни пристапи кон раскажувањето на приказните.
  • Инклузивност и разновидност: Прикажување на широк спектар на гласови и перспективи во македонското, балканското, европското и средоземноморското општество и културна автентичност.
  • Квалитет и креативност: Задржување на високи стандарди за кураторство и производство на содржини.
  • Ангажираност на заедницата: Охрабрување на локално учество и негување на чувство на заедница меѓу креаторите и публиката.

По презентациите, задачата на клиентот беше да избере победничко решение – чиј прототип најблиску се поистоветува со зададените цели и нивната мисија и визија.

Таа чест ја имаа победничкиот тим кој се состоеше од Филип, Дајана, Ѓорѓи, Исидора и Кирил! Во продолжение ќе прочитате како соработуваа помеѓу себе и покрај различните временски зони. Во галеријата најдолу ќе може да видите како изгледаше нивниот работен процес.

Како се чувствува еден студент кој пред себе има задача да изработи цела проектна спецификација?

Чувството на возбуда веднаш се појави кога се дозна фактот дека ќе се работи на реален проект и истиот тој проект треба да се претвори во готов производ за 48 часа.

Која цел и какви барања имаше за задача да исполните? Дали на почеток ви изгледаа предизвикувачки?

Единствена цел на нас како студенти ни беше готовиот прозвод да биде спремен за толку кратко време. Но, секако тука влегуваат во игра и целите на клиентот, кои исто така беа од голема важност за исполнување на задачите. Научените вештини од модулот за Figma tools и UI Design критични за да бидат исполнети целите и задачите на овој хакатон.

Како изгледа процесот на работа на реален проект? Што доаѓа прво, што во средина, а што последно?

Како и на секој проект, доколку сакаме да биде успешен, прво што треба да се направи е истражување на компетиторите и корисниците. Потоа на ред доаѓа можеби и највозбудливиот дел на секој дизајнер, а тоа е планирање на визуелниот дел. На крајот работевме на изготвување на презентација и прототип за презентацијата пред клиентот.

Како поддршката од менторот ти помогна во процесот на изработка на овој проект?

Менторите се тие што ни даваат поттик и мотивација, најпрво да учествуваме во ваков вид на проекти, а потоа со помош на нивното знаење и лесно се доаѓа до посакуваното решение.


Избери образование што ветува real-life практично искуство. Дознај повеќе за Brainster+ Академијата за UX/UI дизајн.


Како е да се работи во тим со колегите?

Работењето во тимови е една од најважните вештини што еден дизајнер треба да ја научи. И покрај тоа што бевме во различни временски зони, сепак успеавме да ја реализираме успешно посакуваната крајна цел и решение.

Кој дел ви беше најпредизвикувачки, вистински head scratcher, и што направивте за да го надминете?

Краткото време и работењето во различни временски зони помеѓу колегите беше предизвикувачко дали ќе успееме во она за коешто сме дојдени таму каде што сме.

За крај, која вештина би ја издвоиле како нешто ново со кое што се стекнавте како тим?

Можеби не сме ги научиле како нови вештини, но дефинитивно снаодливоста, комуникацијата и адаптацијата беа изразени во најголема мера.

За крај, погледнете ја галеријата од нивниот процес на работа на овој онлајн хакатон:

Како до 1.000.000€? 🤫