5 трендови во UX/UI дизајн кои не треба да ги игнорираме во 2023 година

Дизајнот на корисничко искуство (UX) и дизајнот на интерфејс (UI) се едни од највозбудливите, најкреативните и најбараните полиња во tech индустријата. 

Но, бидејќи софтверската индустрија бележи раст и развој со секој изминат ден, нови технологии, производи и услуги се појавуваат многу брзо, а однесувањето на клиентите постојано се менува.

Иако предизвиците ќе продолжат и понатаму, она на што можеме да се потпреме се трендовите во UX/UI дизајнот што ќе заземат фокус во наредните месеци и ќе имаат големо влијание во светот на дизајнот на корисничко искусто и кориснички интерфејс.

 

Во продолжение, дознај кои се топ 5 трендови во UX/UI дизајн за 2023 година.

 

  • Употреба на AI во дизајн процесот

Вештачката интелигенција е револуција во процесот на дизајнирање, а нејзиното влијание може да се види во зголемената употреба на дизајни кои се генерирани со нејзина помош. Во 2023 година, очекувајте да видите повеќе дизајни што се создадени со вештачка интелигенција, без разлика дали тоа е преку употреба на генеративни алатки за дизајн или употреба на вештачката интелигенција за оптимизирање и подобрување на постоечките дизајни.

 

  • Motion дизајн

Motion дизајнот станува составен дел од UX/UI дизајнот. Континуираната еволуција на анимацијата и компресијата на видеата, поврзана со зголемените капацитети на интернетот, прелистувачите и уредите, овозможи посложени и нијансирани движења во интерфејсите без да се жртвува брзината или ефикасноста. Со присуството на интуитивни програми за анимација и библиотеки за анимација, дизајнерите се чувствуваат посигурни да експериментираат со анимации за подинамично и визуелно привлечно искуство.

 

  • Emotional дизајн

Емоционалниот дизајн постои и секогаш е поврзан со целокупното UX истражување. Терминот го нагласува фактот дека луѓето ги засноваат своите одлуки на емоции, а не на логика. Сведоци сме на дигитални продукти каде што новитетот и функциите не се доволни за да се издвојат од конкуренцијата. Оние кои ќе се одлучат да работат како UX истражувачи, потребно е да прават длабоки истражувања за емоционалните потреби и очекувањата на корисниците при секојдневните интеракции, со цел да изградат извонредни производи.

 

  • Употреба на Gradients

Можеби сте ја приметиле популарноста на градиентите на социјалните мрежи и во модата, а по сѐ се чини дека 80-тите и 90-тите се враќаат. Како во модата, така и во дигиталниот свет, од враќањето на градиентите, до усвојување на брутализмот и шарените палети. Градиентите се голем тренд кој беше усвоен и прифатен оваа година и неговата популарност ќе остане и во следните неколку години. 

 

  • Гласовен UI

Гласовниот кориснички интерфејс е еден од најголемите трендови што ќе продолжи да доминира и оваа година, толку многу што тастатурите и глувчињата нема да се користат. Гласовниот UI може да ги води корисниците и да им помогне да навигираат во сложени дигитални производи без значителна помош од други функции, како што се екраните. Најзначајната предност на користењето на гласовниот интерфејс е тоа што го елиминира барањето за графички кориснички интерфејс и го подигнува на едно друго ниво корисничкото искуство на веб-страницата или апликација.

 

Доколку сакаш да си дел од UX/UI дизајн заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.