Можноста да се работи на реални проекти е од непроценливо значење за секој студент

Дел од програмата на Академијата за UX/UI дизајн е постојана работа на реални проекти за реални клиенти, бидејќи на тој начин студентите ги стекнуваат најважните вештини за перспективна кариера во динамичниот свет на UX/UI.

Под менторство на инструкторот Александар Нофитоски, тие имаа задача да изработат целосен UX/UI дизајн за новата веб-страница на Центар за Младински Активизам – КРИК.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на: Жанина Лазарова, Александар Шунда, Елена Цветковска, Филип Димоски и Ана Стоилкова.

 

Во продолжение си поразговаравме со студентите од Академијата за UX/UI дизајн за искуството на овој реален проект

 

 

Здраво тим! Споделете ни нешто за себе!

Жанина: Голем емпат и креативец со изострено око за детали. Светот го гледам низ призмата на уметноста и таквиот пристап го користам за дизајнирање на естетски и функционални решенија.

Александар: Позитивна, упорна, креативна и дружељубива личност која смета дека малите работи се најважни во животот, како и малите детали во секој дизајн.

Елена: Трпелива, емпатична, одговорна, насочена кон детали. Овие особини ме водат во мојот личен и професионален живот.

Ана: Екстроверт и визионер со огромна пасија за дизајн. Креативец откако знам за себе.

Филип: Страствен дизајнер со изразено чувство за естетика и креативност. Моето патување во светот на дизајнот беше поттикнато од немилосрдната љубопитност и посветеноста да ги претворам имагинативните идеи во визуелно привлечни реалности.

 

Раскажете ни нешто повеќе за вашето финално решение. Кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?

Жанина: Секој почеток е тежок, па таков беше и почетокот на овој проект. Најголемиот предизвик беше креирањето на инклузивен и интуитивен интерфејс кој ќе им ја олесни навигацијата на лицата со посебни потреби. Процесот се состоеше од многу истражување, размислување и напорна работа. Целта ни беше да создадеме естетски пријатен дизајн кој истовремено ќе биде гласот на младинската организација Крик. И покрај краткиот рок и без материјали за помош, и покрај сите несигурности и потешкотии, успеавме со тимска посветеност и колаборација да дојдеме до функционално решение кое клиентите го издвоија како победничко. Секако, за нашиот успех е заслужен и менторот Александар Нофитоски и благодарни сме за сите негови совети и насоки.

 

 

Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?

Александар: Соработката беше одлична, а клиентот имаше клучна улога во нејзиниот успех. Тие јасно и сеопфатно ги соопштуваа нивните барања, што ни овозможи беспрекорно да ги усогласиме нашите напори. Ни истакнаа кои страни им се неопходни, како и важноста за чист и едноставен дизајн кој треба да биде лесен за навигирање.

 

Што поточно беше вашата задача? Од каде ја црпевте инспирацијата?

Елена: Нашата задача беше да направиме дизајн за нова поинформативна и функционална веб-страница за КРИК која ќе обезбеди пријатно корисничко искуство, и особено беше важно истата да биде пристапна за лица со различни попречености, кои беа дел од примарната целна публика на организацијата.

Бидејќи старата страница на КРИК беше хакирана кратко пред да ни ја доделат задачата, не можевме да ја искористиме истата како некоја инспирација или појдовна точка за новиот дизајн, па инспирацијата ја црпевме од веб-страници кои ни беа посочени од клиентите како примери од кои може да се инспирираме и некои дополнителни кои ние ги истраживме.

 

 

Како успеавте да се соочите со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креирате едно функционално решение?

Ана: Иако се соочивме со краток рок, и фактот дека тоа беше нашиот прв реален проект, посветеноста на менторот, креативноста и одличната тимска работа го обликуваа нашиот успех. Во свет преполн со сложени веб-страници, нашата цел беше јасна: да создадеме дизајн кој не само што е функционален, туку ветува поврзаност и инклузивност. Знаевме дека пораката на Крик не може да биде ограничена; мораше да допре до сите. Затоа дизајниравме достапно мени со алатки како читачи на екран, прилагодувања на бои и водичи за навигација, така што веб-страницата ќе биде достапна за сите, без оглед на ограничувањата. Визуелните, аудитивните, когнитивните, невролошките, физичките и говорните оштетувања беа во првите редови на нашите размислувања.

 

Какво беше чувството да се работи на еден ваков забавен и интересен проект? 

Филип: Нуркањето во уште еден возбудлив проект со исклучителен тим на веб-дизајнери беше апсолутна возбуда. Замислете работен простор кој врие од креативност, каде што секој ден изгледа како епизода од волшебна серија. Соработката со оваа динамична група го претвори проектот во беспрекорна, пријатна приказна. Другарството не е само за дизајнирање веб-страница; тоа е колективна приказна каде што секој член на тимот придонесува со свои заплетни пресврти на иновации и талент. Како што се појавуваат предизвиците, тие не се препреки, туку пресврти на заговор, а нивното надминување станува заедничка авантура. Победите се слават со вистински ентузијазам, создавајќи чувство на единство што нè турка напред.

 

 

И за крај, што би ни кажале за работата на реални проекти со реални клиенти и можноста за искористување на теоријата во пракса? 

Александар: Работењето на реални проекти со реални клиенти ни овозможи ефективно да ги примениме теоретските знаења за UX/UI и е неопходно за секој студент. Ова практично искуство го премости јазот помеѓу учењето во училница и практичната примена, обезбедувајќи увид во динамиката на клиентите, повратните информации од корисниците и временските рокови на проектот.

Ана: Работата на реални проекти со зададени временски рамки е вистински тест за вештините што ги имаме стекнато, и соодветно ни овозможува истите да ги примениме во реални околности. Позитивно се одразува на нашата самодоверба и нè става чекор поблиску кон почеток на идната кариера како UX/UI дизајнери.

Жанина: Можноста да се работи на реални проекти е од непроценливо значење за секој дизајнер. Најдобриот начин да ги потврдиш своите знаења е работата под временски притисок. На овој начин стекнуваме искуство во вистинскиот свет на дизајнот, а истовремено ги подобруваме комуникациските вештини кои се неопходни за правилно да го разбереме клиентот и неговите очекувања. Истовремено со тоа ни се пружи и можноста да изградиме пријателства и да го сфатиме вистинското значење на тимската работа.

Филип: Започнувањето со реални проекти со вистински клиенти е непроценливо искуство, патување каде теоријата ги исполнува опипливите реалности на професионалниот пејзаж. Работата со вистински клиенти носи огромен број предизвици, рокови и уникатни перспективи, издигнувајќи го целиот процес на динамично и збогатувачко ниво. Примената на теоретското знаење во контекст на реалниот свет станува водечки компас. Станува збор за преведување на апстрактни концепти во практични решенија кои не само што ги исполнуваат туку често ги надминуваат очекувањата на клиентите. Теоријата служи како основа, додека нијансите на реалните проекти додаваат длабочина, нијанса и непредвидливост.

 

Со новата Brainster + Академија за UX/UI дизајн за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата во UX/UI дизајнот.

Аплицирај на Академијата за UX/UI дизајн и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+ 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.