Сосема е нормално да се чувствувате малку збунети во врска со терминологијата и описите на работните позиции коишто кружат во светот на дизајнот.
Што всушност е разликата помеѓу графичкиот дизајн и UX (user experience) дизајнот?
Во продолжение, следи детален осврт на она што го прават овие различни профили во рамките на дизајнерската индустрија, со цел да ви помогнеме да одлучите кој тип на дизајн е вистинскиот избор за вас.
Графички дизајнер
Графичкиот дизајнер комуницира со корисниците преку текст и слики – без разлика дали станува збор за брендирање, информации или реклама. Односно, како тие елементи, сликите и текстот, се поставени на веб страницата или пак на печатената страница е дел од работните задачи на графичкиот дизајнер. Тука спаѓа и изборот на фонтот, неговата боја и останатите визуелни елементи.
Преку нивната работа, графичките дизајнери инспирираат и поттикнуваат емоции и реакции за нивните дизајни и сите поврзани елементи на дизајнот. Графичкиот дизајнер ќе знае дека корисниците ќе реагираат многу поинаку на текст напишан во „озогласениот“ Comic Sans фонт, за разлика од старомодниот Courier New.
Слично на тоа, одговорот на кампањата за борба против сиромаштијата ќе се разликува ако е илустрирана со слика од неухрането бебе наместо со stock фотографија од храна. Во најдобар случај, графичкиот дизајн е широко познат и препознатлив, како фонтот на Coca-Cola или пак логото на I <3 NY.
Вештини и плата: Во денешно време, повеќето дизајнери треба да поседуваат вештини од графички дизајн коишто го надминуваат sketchpad-от и моливот. Од ваквите професионалци се очекува темелно познавање на дизајн алатките како Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign. Тоа е од суштинско значење за online & offline работата како графички дизајнер.
Секако да не заборавиме, дека потребно е и завршување на Академија за графички дизајн или сличен вид на студии како и подготвување на портфолио со реални проекти.
Според Glassdoor.com просечниот годишен приход на еден графички дизајнер е $44,964.
Овие професионалци можат да работат на дизајни за принтани материјали (пакувања, брошури, магазини, списанија, облека и сл.) или пак на дизајн на веб страници и апликации.
Ако сето ова одговара на вашите планови за идна кариера во графичкиот дизајн, погледнете ја деталната програма за нашата Академија за графички дизајн.
UX/UI Дизајнер (Дизајнер на корисничко искуство)
За разлика од графичките дизајнери коишто имаат главен фокус кон естетика и комуникација, UX/UI дизајнерите се насочени кон дизајнот на интеракцијата, односно кaкo корисниците на еден прозвод (дигитален или инаков) стапуваат во интеракција со истиот и како ги толкуваат елементите на корисничкиот интерфејс.
Поточно, бараат одговор на прашањата од типот на:
- Како луѓето се движат на самата веб страница?
- Што се случува кога луѓето ќе кликнат на некое копче?
- Дали промената на бојата или големината на некој елемент ќе влијае на корисниците да направат поголеми нарачки или пак да комуницираат со страницата поинаку?
За да добијат одговор овие прашања, UX/UI дизајнерите (наречени и Дизајнери на корисничко искуство), спроведуваат различни методи за тестирање на искуството на корисникот.
Иако тие исто така се занимаваат со изгледот на веб решението, нивниот главен приоритет е како корисниците комуницираат со истото, осигурувајќи дека корисниците можат успешно да навигираат низ него и да донесуваат интуитивни одлуки за тоа каде треба и каде не треба да кликаат.
UX/UI дизајнерите презентираат концепти на дизајн во форма на wireframes или visual blueprints за дизајнот на веб страницата или пак апликацијата.
Тие исто така, тие ја подредуваат архитектурата на информации, што е и основниот начин на којшто информациите се организирани, прикажани и идентификувани од корисниците.
Во суштина, UX/UI дизајнерите гарантираат дека веб страницата е лесна за употреба, со цел нејзините корисници да можат да ја разберат и да се движат непречно и ефикасно низ информациите, услугите или предметите на продажба.
Вештини и плата: Областа на UX/UI дизајнот е релативно нова и интердисциплинарна по природа, па затоа дипломираните по психологија, архитектура, антропологија, компјутерски науки, или пак графички дизајн, се сметаат како релевантни профили за градење на кариера во UX/UI дизајн.
Според Glasdoor, просечниот годишен приход за еден UX/UI дизајнер изнесува околу $74,596.
Заинтересирани сте за кариера како графички дизајнер или UX/UI дизајнер?
Дознајте повеќе како да започнете кариера во оваа професија, преку темелната програма на нашата Академија за графички дизајн и Академијата за UX/UI дизајн.
Уписите се во тек, резервирајте го своето место на време!