Во почетокот на новата година, сакаме да ви ги споделиме најважните 7 моменти кои што се случија на нашата Академија за UX/UI дизајн во 2020:
- Лансирана е првата Академија за UX/UI дизајн во Македонија
Академијата се води по темелна програма и се заснова на tech industry insights односно е во склоп со глобалните потреби на реалниот сектор за вешти UX/UI кадри.
- Запишани се повеќе од 60 студенти на Академијата, плус 20 на мини академијата.
Студентите имаа можност да ја искористат бесплатната претпрограма која што ги подготвува за влез на Академијата, да учат од своите колеги на тимските предизвици, да учат од своите ментори преку менторски сесии, да добијат insights од она што ги очекува во IT заедницата и да започнат да работат на реални проекти со кои го градат своето портфолио.
- Се организираше првиот Хакатон на Академијата за UX/UI
Студентите од Академијата за UX/UI дизајн имаа предизвик да работат 48 часа на реален проект за реален клиент и да го применат целото знаење стекнато на оваа Академија. На првиот Хакатон тие се натпреваруваа меѓу себе и требаше да дизајнираат „Маркетинг мапа на Македонија“.
Целта на хакатонот беше студентите да си ги надградат вештините и да креираат едноставни решенија на комплексни кориснички проблеми и да дизајнираат продукт кој ќе биде интуитивен за корисниците и профитабилен за компаниите.
- Оддржана е првата online конференција „Deep Dive; Into UX/UI“
На оваа конференција свои излагања имаа повеќе светски докажани UX експерти. Истата е дел од серијата Deep Dive настани кои ги правиме со цел поврзување на tech заедницата и неограничено споделување на знаење и искуство.
Како говорници првиот ден се појавија: Aldrich Huang, Martina Mitz, Miha Vidmajer & Tina Smon и Emilija Stomienova Duh.
На вториот ден пак, свои излагања имаа Hannes Robier, Maja Wolf, Nina Georgieva, Damjan Obal и Ana Osredkar.
- Успешно завршени реални проекти
Преку работата на реални проекти, студентите практично ги пременуваат научените вештини и практики на нешто што во иднина да го додадат во своите професионални портфолија.
Во 2020, успеавме да изработиме: продавница за МК компанија, апликација за sustainable fashion, редизајн на вебсајтот за Neotel, маркетинг платформа, платформа за CVS и портфолија за студентите од Brainster.
- Почна со работа првата UX/UI група во Виена
Глобалната побарувачка за оваа област, подготвеноста на тимот на инструктори и нашата верба во квалитетот на програмата нè поттикнаа да ја понудиме оваа програма и надвор од Македонија, па така, UX/UI е една од двете програми која што заедно со Data Science ја стартувавме во Виена.
- Нови партнери за вработување и учење
Приоритет на Академијата за UX/UI дизајн е успешно вработување на студентите. Ние го следиме напредокот на секој студент и му помагаме да ја најде работата од соништата, заедно со нашите Learning Partner, HR тимови и инструктори. Талентите од Академијата ги поврзуваме со партнерски компании и нудиме гаранција за секој еден од нив.
Поради сето ова, ние постојано го зголемуваме нашето портфолио на компании – соработници за вработување и учење.
Во 2020 ,имавме повеќе вакви соработки од кои ќе ги издвоиме оние со виенскиот стартап BannerBoo и со локалните компании NewMedia & Neotel. Најнова вест е соработката со нашите нови партнери – HR компанијата ESI, која што ќе ни помогне во целта да вработиме што повеќе студенти.
Доколку сакаш да си дел од UX/UI заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!