Запознај ја Гордана Илиоска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец октомври 2022.
Име и презиме: Гордана Илиоска
По професија: Ликовен уметник
Академија: Академија за UX/UI Дизајн
Зошто баш UX/UI: Бидејќи со UX/UI дизајнот можам да ги спојам креативното, визуелното и естетското со механизмот во позадина и како нештата функционираат. Од една страна, убав и функционален дизајн, а од друга, применување на барањата, замислите и потребите на корисниците.
Што те мотивира постојано да учиш: Јас сум многу љубопитна личност, така што желбата да дознаам што е можно повеќе, ме води до крајниот резултат и задоволството од завршената работа.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Тимската работа. Да се работи во тим, да се споделуваат идеите, да учиме од грешките, да го направиме спојот на различни перспективи и да научиме нови концепти. Задоволството е огромно кога ќе стигнеме до крајниот резултат.
Омилен модул и зошто: Сите модули ми беа интересни. Секој модул си е приказна за себе и нуди многу различни искуства, учејќи нѐ да размислуваме повеќе како целина на UX/UI дизајнот.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Не би можела да издвојам, затоа што кај сите од нив има огромна професионалност, достапност за фидбек во секое време, како и пријателски пристап на целиот тим на Академијата. Опуштената и пријатна атмосфера за време на часовите, дава дополнителна мотивација за учење.
За 5 години сакам да бидам: UX/UI дизајнер со знаење и искуство, успешно реализирани проекти зад себе и задоволни клиенти.
Хоби: Фотографија и планинарење.
Омилена книга: “The Great Gatsby” – F. Scott Fitzgerald
Омилен цитат: “The future belongs to those who believe in the beauty of their dreams.”
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!