Запознајте ја Душица Тевчева – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец октомври 2021.
Име и презиме: Душица Тевчева
По професија: Студент (Индустриски дизајн, Машински факултет)
Академија: Академија за UX/UI дизајн
Зошто баш UX/UI дизајн: Бидејќи сум при крај со моите студии како Индустриски дизајнер, научив дека UX е област која мора да ја има во секој сектор каде постои директен контакт со краен корисник. Кога секоја компанија би имала експерт кој е гласот на корисниците и го пренесува нивното искуство при градење на крајниот продукт, тогаш нема да има незадоволни корисници.
Затоа, решив да се развивам како UX/UI дизајнер, бидејќи е една од ретките професии која бега од секојдневната монотонија, предизвикува да растеш учејќи нови работи со секој следен проект. Во текот на градење на еден проект, динамично се работи во постапни фази каде крајниот продукт се разгледува од повеќе аспекти, но се размислува и од страната на крајниот корисник, чиешто мислење и претходни искуства се особено важни, со цел да се креира соодветното решение кое ќе доведе до среќни корисници.
Што те мотивира постојано да учиш: Крајниот резултат, нема нешто што исполнува повеќе од добро сработен проект/задача, особено кога истите се работат во одличен тим од исклучително добри идни дизајнери.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Доволен е само еден пиксел за да ја уништи или подобри големата слика 🙂
Омилен модул: Design/UI, заради тоа што претставува креативно финализирање на продуктот кое се прави врз основа на претходно направените анализи и добиените резултати од истражувањата и најважното, мислењето на крајните корисници. Кратко кажано, зашто е јаготката на шлагот.
Инструктор што ти остави најголем впечаток: Јане, заради специфичниот начин на кој нѐ инспирира да размислуваме критички и нѐ стимулира никогаш да не се плашиме од креативни експериментирања, Барбара заради неисцрпната мотивација што ни ја даваше да научиме што повеќе.
За 5 години сакам да бидам: Би сакала да добијам искуства од работа во стартапи, но и големи компании каде UX/UI дизајнот се разгледува од голем тим на луѓе со различна експертиза од оваа област. Google Inc. звучи забавно.
Хоби: Возење велосипед
Омилена книга: Хари Потер
Омилен цитат: “Just as white space in design allows your eye to focus on what’s important, the same holds true in life.“
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!