Ана Темова – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн | Brainster

Ана Темова – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн

Запознајте ја Ана Темова – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец мај 2022.

 

Име и презиме: Ана Темова

По професија: Training and Compliance Specialist in igaming industry

Академија: Академија за UX/UI дизајн

Зошто баш UX/UI дизајн: UX/UI дизајнот го обединува мисловниот процес и креативното изразување.

Што те мотивира постојано да учиш: Како вечен истражувач, секогаш се водам од сопственото мото „Никогаш не престанувај да учиш, сонувај ги своите цели и остварувај”. Колку повеќе учам, толку сум посреќна и уште повеќе мотивирана за нови знаења. Разменувањата на искуства и мислења со луѓето кои притоа ги запознавам, ми додава вредност на она што веќе го знам, и на она што го учам.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Дека го имам направено вистинскиот избор за Академија која дава можност на студентите преку предавањата, работењето на реални проекти, и тимската работа да го осознаат секојдневието на еден UX/UI дизајнер.

Омилен модул и зошто: Discovery бидејќи во оваа фаза од дизајнирање на производот можам да истражувам на повеќе начини, и да ги запознаам подобро таргетираните корисници.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Не би можела да издвојам еден инструктор бидејќи целокупниот тим на Академијата е максимално посветен на студентите што дополнително влијае и на мотивацијата. Јас се радувам на секој следен час.

За 5 години сакам да бидам: UX/UI дизајнер со богато искуство од областа, кој зад себе има реализирано безброј успешни проекти на дизајнирање на производи.

Хоби: Активно се занимавам со трчање, хоби кое го сметам воедно и за моја животна филозофија.

Омилена книга: The 5AM Club” – Robin Sharma

Омилен цитат: “Each one of us has a fire in our heart for something. It’s our goal in life to find it and keep it lit.” – Mary Lou Retton

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!