Лара Георгиевска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн

Запознајте ја Лара Георгиевска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец август 2022.
Име и презиме: Лара Георгиевска
По професија: Дипломиран економист на смерот „Сметководство и Ревизија”.
Академија: Академија за UX/UI Дизајн
Зошто баш оUX/UI: Професијата за која завршив факултет ми нудеше монотона, репетитивна работа, која беше здодевна за личност како мене, полна со идеи и креативност. Токму во UX/UI дизајнот можам да ја задоволам мојата креативна страна и воедно да ја изградам мојата кариера.
Што те мотивира постојано да учиш: Нешто што ме мотивира секој ден сѐ повеќе да учам, е тоа што сега сѐ почесто забележувам детали по апликации и веб страници кои не ми се допаѓаат. Така добивам нови идеи зошто нештото треба да се промени, со цел корисничкото искуство да биде попријатно. Дополнително, оваа професија ми нуди можност за соработка со фирми на интернационално ниво.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Најинтересно нешто што го научив преку Академијата е дека UX/UI дизајн професијата е динамична професија од која секојдневно може да се научи нешто ново, а истовремено нуди и слобода да ја прикажеме својата креативна и мисловна страна.
Омилен модул и зошто: Иако сме на средина на Академијата и има уште модули кои сѐ уште ги немаме започнато, нај-challenging, воедно и најинтересен модул ми беше Initiation и Discovery. Сметам дека добар Research процес e основата за една апликација или веб страница да биде корисна и лесна за употреба за корисниците, бидејќи колку и да е важна визуелната убавина и привлечност, без потребните фукционалности ќе биде неупотреблива.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Пред сѐ, морам да дадам признание до сите инструктори на Brainster заедно со целиот тим, одлична соработка и професионалност, достапни за feedback во секое време. Сепак најголем впечаток ми остави инструкторот Андреј Блажевски кој ни ги предаваше Initiation и Discovery модулите, бидејќи исцрпно и еднакво внимание ни пружаше на сите студенти во групата, целосно посветен да ни го пренесе знаењето.
За 5 години сакам да бидам: Искусен UX/UI Дизајнер со многу успешни проекти, а пред сѐ задоволни клиенти.
Хоби: Oil painting, во поскоро време почнав и со art illustrations.
Омилена книга: Poirot – Agatha Christie
Омилен цитат: “Life is too short to overthink.”
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!