Иако на факултет има учено програмски јазици Даниела Ѓорѓијевска од денешна перспектива смета дека за програмирањето е поважен мајндсет за решавање на проблеми отколку познавање на повеќе програмски јазици. Има 23 години и по завршетокот на Академијата за програмирање веднаш почна да работи како фронтенд девелопер во DoXteam hiring партнер на академијата. Ни раскажува зошто си ја сака нејзината работа и што е потребно за да се стане девелопер.

 

Даниела, од каде желба за програмирање?

Во последните години запознав неколку пријатели програмери и ми се допадна начинот на кој што тие раскажуваа за нивната професија и менталитетот во таа област . Јас не мислам дека постои нешто како желба за програмирање. Имам пасија кон решавање на проблеми, наоѓање на нови предизвици секој ден и сум љубопитна како функционираат работите. Мислам дека ова беше главната причина зошто се одлучив за ваква кариера.

Дали имаше некакво претходно предзнаење или искуство кога е програмирањето во прашање пред да се запишеш на Академијата?

Имав учено некои програмски јазици на факултет, меѓутоа денес сметам дека програмирањето е повеќе решавање на проблеми одошто познаење одреден програмски јазик.

Добра работа е што на академијата учевме преку работење на реални примери така што наученото веднаш можев да го проверам во пракса а самата програма е прилагодена како за луѓе кои имаат некое предзнаење така и за луѓе кои се апсолутни почетници.

Колку време ти требаше да стигнеш од апсолутен почетник до програмерка која знае да се снајде сама или барем знае како точно да побара помош од поискусните колеги?

Уф, не би можела точно да кажам кога точно исчезна оној страв што сите го имаат на почеток. Би рекла дека е потребна отприлика една година за да се стекне ниво на самодоверба. Потребно е да седнете сами пред компјутер и да почнете да работите на одредени задачи.

Сепак ова е многу индивидуално. Сè зависи од тоа колку време на крај ќе вложите во дополнително учење и работење од дома. На часовите ќе се помине материјалот, ама потребно е да се седне и истиот да се помине и надвор од училница.

Кои митови, за кои си слушнала претходно, ги имаш скршено откако стана програмерка?

Мене најинтересен ми е митот дека програмери се раѓаат, а не се градат. Ова е тотално неточно , сè што треба да се направи е да одвоите време за она што го сакате. Нема да станеш програмер преку ноќ, ама верувам дека секој што навистина сака може да стане.

Што најмногу ти се допаѓа во новата професија? За какви проекти сонуваш во иднината?

Луѓето и атмосферата што се создава на работа. Работам со луѓе кои се мотивирани и си ја сакаат работата, на проблемите гледаат како на предизвик и секогаш се спремни да споделат знаење и искуство. Верувам дека ретко кој сектор во моментов нуди такви услови на работа. Едноставно, секој ден одам на работа со мерак.

Во иднина најмногу би сакала да работам на проекти поврзани со вештачка интелигенција или machine learning.

Уписите за наредната Aкадемија се во тек. Погледни ја програмата овде.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.