Успешна приказна #2: Гордана од Академијата за програмирање

Втората успешна приказна која ја споделуваме со вас е за Гордана Пеева, која по 20 недели интензивно учење и работа има #НоваКариера како програмер.

Без разлика дали си маркетер, студент, професор или претприемач, Brainster & Codepreneurs академијата за програмирање е во потрага по неуморни индивидуи кои ја бараат секоја шанса за професионално надградување, подготвени да напредуваат во интензивна средина за учење, и се разбира, кои сакаат да програмираат. Целта на академијата за програмирање е 100% од учесниците да се вработат како програмери во IT компании или да започнат свој стартап не подоцна од 6 месеци по дипломирањето.

Зошто се пријави на Codepreneurs академијата за програмирање?

Одамна имав желба за дизајн и голем дел од моето слободно време го поминував во дизајнирање и учење на дизајн алатките. Потоа почнав да се интересирам за Web и ја изградив мојата прва веб страна во WordPress. Кога сакав да научам нешто повеќе за среќа се појави Brainster и целосно ја промени мојата кариера.

Со што се занимаваше пред да станеш програмер?

Се занимавав со продажба и маркетинг, а во слободно време работев на мојот веб сајт за здравје и храна.

Што ти беше најголемиот предизвик за совладување?

Самиот концепт на програмирање за мене беше голем предизвик – како да размислуваш програмски или како компјутер. Но сфатив дека најважно во целиот овој процес е да имаш многу трпение и да не се откажуваш кога ќе видиш error порака!

Што ти се допадна најмногу а што најмалку?

Сѐ беше одлично организирано и изведено. Многу сум задоволна од Академијата.  Одлични предавачи кои се секогаш на располагање, и прекрасни колеги со кои работиме на веб апликација која набрзо ке биде готова и пуштена во употреба.

Како го примени стекнатото знаење за напредок во твојата кариера?

Знаењето што го стекнав на академијата ми дозволи комплетно да ја променам мојата кариера и да се занимавам со она што навистина ме интересира и исполнува. Моментално работам како веб девелопер во софтверската компанија Семос групација.

Која е твојата работа од соништата?

Да работам remotely додека шетам по светот!

Што би ги советувала оние кои не ја следат својата кариера од соништата?

Никогаш не е доцна за позитивна промена во животот. Ова е мојата трета кариера и среќна сум што конечно го пронајдов она што навистина ме исполнува.

Што би била ако не си програмер?

Би се приклучила на  Google Street View Trike team.

 

%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8%d0%bdfeargears-1

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.