Усоврши ги овие вештини кои ќе го „засилат” твоето CV

Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.

 

Откако ќе тргнеш во потрага по нова работа, ќе почнеш да забележуваш дека некои од вештините кои работодавците ги бараат од вработените секогаш се повторуваат. Време е да ги усовршиш.

Денес дефинициите на работните позиции не се толку јасни како што некогаш беа, од маркетинг агентите се очекува да знаат како да анализираат податоци, од програмерите да знаат да разберат како податоците може да бидат употребени од други тимови, а графичките дизајнери треба да знаат да користат WordPress.

Добрата работа е дека сите тие дополнителни вештини кои од тебе ги бара една компанија, а не се никако поврзани со твојата професија, се од ограничен број и скоро секогаш се повторуваат истите, без разлика од позицијата за која аплицираш.

Sирни ја листата на моментално најбараните вештини, кои најчесто ги среќаваме на огласите за вработување, и провери кои од нив веќе ги поседуваш (и време е да ги нагласиш), а на кои е паметно да инвестираш и да ги усовршиш.

 

Способност за работа во тим

За која позиција и да аплицираш, од тебе секогаш ќе се очекува да работиш со тим. Особено денес, со подемот на стартапите, тоа што си тимски играч можеби е подеднакво важно со тоа колку добро работиш. Од друга страна, секој искусен менаџер знае дека успехот на фирмата и продуктивноста на вработените зависи од тоа колку е задоволен тимот.

Токму затоа секој работодавец, отсекогаш нагласувал и засекогаш ќе продолжи да го прави тоа, дека една од најважните работи кај потенцијалниот нов вработен е да биде добар при работењето во тим.

 

Анализа на податоци

blog 17 slika 4

Денес се чини како сè да се врти околу податоци. Најочигледните можности поврзани со тоа се анализа на податоци и маркетинг анализи. Но и од програмерите се очекува да знаат како да анализираат податоци, за да можат добро да го проценат квалитетот на податоците со кои работат.

Дури и кај позиции поврзани со креирање на маркетинг содржини и поддршка на корисници, секојдневно ќе треба да се справуваш со податоци, иако често тоа ќе бидат само податоци за посетата на веб-страници. Доколку отсекогаш те интересираше статистика, сега е одличен момент да се посветиш на развивањето на твоите вештини за анализа на податоци.

 

Истражувачки вештини

blog 17 slika 5

Дали отсекогаш се гордееш со своите Google-вештини? Дали секогаш успеваш супер-брзо да ги најдеш информациите кои ти требаат? Тогаш веќе си во предност. Скоро сите работодавци, а особено оние кои нудат tech работа, инсиситраат вработените да имаат одлични истражувачки вештини.

 

Проектен менаџмент

Огромен број од позициите кои ќе ги разгледуваш од тебе ќе очекуваат да имаш развиени менаџерски вештини. Доколку досега имаш работено на менаџерска позиција, тогаш овие вештини веќе ги имаш развиено и ќе бидат апликативни без разлика на типот на твојата следна работа.

Доколку не си сигурен дали ги имаш, под менаџерски вештини спаѓаат: споспобноста за мултитаскинг, лидерство, комуникација, детално работење и преговарање.

За да ги истакнеш уште повеќе твоите менаџерски вештини, совладај ги популарните софтвери за менаџмент со проекти: JIRA и Basecamp.

 

Користење на WordPress

wordpress

WordPress e најпопуларнот content management system (CMS) на светот. Неопходно е да научиш како да го користиш, особено ако бараш работа во технологија.

Доколку некогаш досега имаш одржувано блог, тогаш најверојатно веќе имаш користено WordPress, или некој систем многу сличен на него. Доколку немаш, едноставно е, започни свој бесплатен вебсајт на WordPress.com и научи преку испробување.

 

Adobe Photoshop

blog 17 slika 2

Доколку отсекогаш сакаше да почнеш да учиш Photoshop, но никогаш не се одлучи, сега е вистинскиот момент. На многу работодавци ќе им значи доколку знаеш да користиш Photoshop, затоа што програмот не се користи само за обработка на фотографии, туку и за спремање на вебсајт mockups и други графички решенија.

 

Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето email сандаче!

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа,  како да направиш CV, вештини.

Related Stories For You