UberConference – За побезбедни и поквалитетни конференциски разговори

„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Огромниот и масовен напредок на технологијата овозможува и напредок во секоја сфера на човечките потреби и активности .  Преокупираноста со Интернетот првенствено како потреба, а потоа и како рекреација  има и некои  не толку позитивни страни. Конкретно, знаеме дека преку Интернет денеска се занемарува сечие отсуство и многу популарни и атрактивни се видео повиците и разговорите преку истиот. Колку што е тоа добро толку е и ризично . И покрај бесплатната таква услуга, често пати се среќаваме со проблеми од типот на преоптоварена мрежа,  големо растојание, што резултира со и не толку успешни  разговори преку интернет.  Ова особено претставува проблем при конференциските разговори и состаноци . Недоволната безбедност на  повиците, прекинување на мрежата , задоцнување на сигналот и неефикасност на разговорот предизвикува голема напнатост  меѓу соговорниците и  неуспешност на состанокот.

sss

За таа цел е создаден UberConferencе. Алатка која ги прави конференциските разговори  беспрекорни без било какви проблеми кои се споменуваат кај општо познатите апликации за разговори.

Карактеристики :

  1. Нема потреба за пин
  2. Се знае кој зборува
  3. Прикажува кој се приклучил на конференцијата
  4. Ги прикажува профилите на социјалните мрежи на  корисникот
  5. Може да се исклучи звукот(вревата) во позадина

 

Користењето на  UberConference  е многу едноставно .  Корисниците креираат профил на платформата на UberConference  и добиваат број . Преку тој број може да  започнуваат разговори со другите корисници кои имаат профил на апликацијата. Притоа при конференциски разговори покрај тоа што нема пречки во комуникацијата  , се гледа и кој е вклучен во разговорот и кој кога зборува. Исто така има и мобилна верзија која ги има истите можности како и програмата.  Нема потреба од ризикување на доверливоста на бизнис разговорите, а се добива квалитетна услуга во секое време и на секое место .

Оваа алатка нуди различни пакети во зависност од потребите. Има пакети кои се бесплатни но се со ограничени можности а има и специјални  бизнис пакети кои поддржуваат голем број на соговорници, подобар квалитет, големо растојание и сл.

Среќно,
Brainster заедницaта

Related Stories For You