Со овој туторијал ќе ти покажеме некои брзи, едноставни ефекти кои можеш да ги додадеш на обичен текст и да го направиш ретро. Овие ефекти немаат никакво влијание врз самиот текст, па нема потреба да се грижиш ако подоцна сакаш да промениш нешто.
Постави го документот во кој ќе работиш
Креирај нов документ во Illustrator. Големината на документот не е важна, само треба да има доволно место за текстот кој сакаш да го напишеш.
Обој ја позадината со пастелна сина/сива и одбери ја Type Tool (T) алатката, испиши еден збор користејќи ги следните поставки: фонт “Myriad Pro“, обоен црно, големина 100 px и Tracking поставен на 100. Доколку го немаш овој фонт во твојот програм, може слободно да одбереш друг сличен фонт.
Додади ефекти на текстот
Чекор 1
Селектирај го текстот и отвори го Appearance панелот (Window > Appearance), кликни го копчето Add New Stroke, кое се наоѓа во долниот лев агол од прозорецот и внеси ги следните поставки.
Чекор 2
Во Appearance панелот селектирај го новокреираниот stroke и кликни го копчето Add New Effect кое се наоѓа во долниот дел на панелот. Одбери Distort & Transform > Transform, потоа внеси ги следните поставки и одобри ги промените (притисни ОК).
Чекор 3
Креирај нов Stroke како што направивме погоре и внеси ги следните поставки, и осигурај се дека е поставен позади оној кој претходно го креиравме во Appearance панелот. Ќе подредуваме повеќе елементи на ваков начин, затоа внимавај како се подредени слоевите кога ги креираш.
Чекор 4
Направи копија со помош на командата Duplicate Item од новокреираниот Stroke и вметни го под истиот. Ќе наравиме нови трансформации и ќе ја намалиме транспарентноста со што ќе емитираме сенка на текстот. Внеси ги следните поставки:
Чекор 5
Кога започнавме да манипулираме со текстот во самиот панел (Appearance) имаше претходно направен слој со транспарентно полнење кое ни служеше како основа. Селектирај го тој слој и додади посветла сина боја од таа со која започнавме.
Чекор 6
Направи копија од слојот со полнење и наместо боја додади ја твојата омилена геометриска шара. Ние одбравме цик-цак шара, но може да одбереш било каква се додека е транспарентна и црна. Во полето на Blending Mode одбери Overlay за црната боја да се помеша со бојата која се наоѓа под неа.
Чекор 7
Направи 3D ефект на текстот
Направи копија од слојот кој го креираше претходно (Stroke) и постави го под слоевите со полнење во Appearance панелот. Селектирај го и кликни на Add New Effect копчето па одбери Distort & Transform > Transform и внеси ги следните поставки. Важно е да го внесеш бројот 7 во полето за број на копии (Copies) пред да ги одобриш промените (ОК).
Чекор 8
И за крај, како да создадеш сенка. Направи копија од претходно направениот слој (Stroke) и кликни на Transform линкот кој се наоѓа во поставките на слојот во Appearance панелот,за да може да ги смениш поставките и да го промениш бројот на копии на 11 (Copies), потоа во менито на Blending Mode одбери Multiply за овој слој и намали ја транспарентноста.
И со ова текстот е готов и може да го зачуваш како графички стил (Graphic Style) во Graphic Styles панелот, со што ќе може повторно да го употребиш кога ќе посакаш. Експериментирај и прати ни пример кој ќе може да го споделиме со останатите корисници на Illustrator!