Веќе влеговме во 2019, а сè уште сме во исчекуваме да се остварат некои предвидувања за наредните големи трендови во дигиталниот маркетинг.

Експертите од индустријата предвидуваат: дигитални маркетери, потребни се сè повеќе и со сè поразвиени практични вештини!Ви издвојуваме 7 кои нам ни беа интересни. 🙂

 

Дигиталните операции и адвертајзинг влегуваат in-house

Во 2019 се очекува дека компаниите ќе пренасочуваат се поголем дел од соработката со маркетинг агенциите кон сопствените канцеларии. Со креирање на содржина како paid social, display и прагматично купување во рамките на самата компанија, се надеваат на намалување на трошоци и временска рамка, како и целосна сопственост на податоците.

Гласовно пребарување

Официјално ги отворивме вратите од нашите домови на роботите и сега секојдневно комуницираме со нив. Повеќе релевантни дигитални сајтови предвидуваат дека 50% од сите пребарувања во 2020 ќе бидат гласовни…а тоа е за само една година! 🙂

Предиктивна емаил автоматизација

Со огромната маса на добиени податоци, се зголемува употребата на системи за автоматизација и се очекуваат сè повеќе персонализиран email. Но наместо стратегијата на email програми кои се навраќаат да ги анализираат тие податоци, ќе се направи осврт кон предвидување на тоа што ќе биде следната потреба на купувачите. Доколку се претстави правилно, предиктивен email не треба да е застрашувачки концепт. Никој не се плаши кога Amazon сугерира нешто базирано на набавките и профилот на корисникот. 🙂

Постоечките посетители ќе се вратат во фокусот

Нови и свежи leads и аквизиции, супер. Но што со постоечките корисници? Автоматизацијата ќе почне да се грижи за задачи како враќање на клиентите пред да се преселат од процесот на купување или пред пред да го напуштат сајтот. Автоматски кампањи за re-engagement, email кампањи за напуштена кошничка, мејлови со цел обновување на залиха/пакет. Иако некои од овие веќе постојат, чекор напред ќе биде вештачката интелигенција која ќе работи на идентификување на овие инстанци на преселување и оптимизрање на времето.

Featured Snippets

Доколку сте го посетиле Google пребарувачот во последно време, (а да бидеме искрени, кој не?) веројатно сте забележале дека најважниот пребарувач се труди да одговари на прашањата веднаш на страната со резултати од пребарувањето (SERP). Без разлика дали прашувате за температурата, колку е часот во Токио или “што е featured snippet?”, пребарувачите се движат во насока да ги обезбедат одговорите за нас, наместо да ве директираат кон друг вебсајт. Следствено на тоа, во 2019 сајтовите ќе се стремат кон оптимизација за SERP.

Оптимизација кај видео содржините

Видeaта веќе прават бум низ search резултатите со богатство од ресурси кои се објавуваат на дневна база. Како голем двигател на органската содржина, видеото се очекува да достигне 82% од целосниот интернет сообраќај до 2022.
Ова значи дека транскрипти за секое видео ќе бидат од огромна важност за пребарувачите да можат да вршат crawling на зборовите од видеото. Неминовно, видеата ќе бараат оптимизирање слично на landing страните.

GDPR ќе се прошири и во земјите вон ЕУ

Маркетерите повеќе од било кога размислуваат за начини на кои ќе ги менаџираат корисничките податоци внимателно. Иако GDPR започна во Европа, подлежни на овие регулативи се сите компании кои се во бизнис со некоја од членките на ЕУ. Од воведувањето на GDPR (General Data Protection Regulation) во Европа во Мај, 2018, многу лидери од индустријата и трговијата, како и правници, се залагаат за креирање на слични закони за приватност во сите останати земји и региони.

 

Новите групи на Академијата за дигитален маркетинг започнуваат во март 2019. Уписите се во тек.