3 причини зошто 84% од компаниите потфрлуваат во дигиталната трансформација

Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Дигитална ТрансформацијаРегистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Според Forbes, 7 од 8 дигитални трансформации не успеваат. Проблемот лежи во тоа што компаниите не се трансформираат од почеток до крај, туку се обидуваат преку заглавување во процесите, ситен ангажман, или планови кои не ги вклучуваат во промената сите вработени. Ова не е трансформација, ова е стагнација.

По неколку темелни истражувања, може да се дојде до заклучок дека компаниите освен што прават грешки, прават многу скапи грешки. Нешто како старата поговорка, сакајќи премногу да заштедиш, секогаш плаќаш дупло.

Кои се најчестите грешки кои од навидум супер скоцкан проект, можат да стигнат до ?

Не се инвестира во искуството кое клиентот го посакува

Успешните проекти никогаш не биле изградени лесно и процесот не е сјаен. Успешните проекти постојат за да дадат вистинска вредност на клиентите. Што е тоа што ќе пополни потреба, задоволство и поддршка додека купувачот се движи низ неговото корисничко патување? Квантитативните и квалитативните методи во овој случај се најпотребни, иако звучат досадно и монотоно. Такви се анализата на проектот, истражување на купувачите, продажната инка од почеток до крај.

 Не се планира мерливо и паметно

Неуспехот во планирање носи можност за големи трошоци, одложени или напуштени проекти, или во превод изгубени купувачи и давање предност конкурентите да напредуваат. Како да се избегне ова? Преку јасно дефинирање на проектните барања и рокови. Разбирање и предвидување на сите стапки кои треба да се остварат, за компанијата да започне да се приближува до успешна трансформација. Овие детали треба да се јасно прецизирани уште на самиот старт.

Ограниченост со технологија

Можеби една од главните причини. Причина која ја задушува иновацијата, идеите на вработените. Најчесто компаниите користат со години еден тип на софтвер, и секоја нова промена ја сфаќаат како голем трошок, најпрво за одржување а потоа и за едукација на вработените. Некои услуги и дата бази воопшто не носат раст, што воведува до неоптимални резултати и неуспешни проекти. Промената може да започне top-down или bottom-up, oдносно преку топ менаџментот или вработените.

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА