ТОП 9 ДИГИТАЛНИ МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ ЗА 2016

Секоја година има најразлични трендови кои ја обележуваат. Социјалните мрежи како Facebook, Twitter, Google hangouts секогаш ќе ги користиме, но што се случи со старите билборди кои ги гледаме секој ден додека се возиме во автобус до работа или факултет? До каде е стигната дигиталната ера и што се ќе можеме да сретнеме во 2016та година?

Еве ги 9те предвидувања за 2016та година

1. Пребарувањето и е-комерцијата ќе одат многу подалеку од тоа што го имавме досега

Како да не ни беше доволно се што досега ни го нудеше Facebook како опција, во, 2016та година ќе можеме слободно да си пребаруваме на Facebook , да си купуваме и најинтересниот дел е што ќе можеме да си комуницираме со компаниите преку Месенџер. Business on Messenger е апликацијата која ќе ни овозможи да купуваме уште побрзо и полесно, а компанијата во секој момент ќе ни биде достапна за било каква и да е интеракција.

2. Snapchat – апликацијата која е задолжително да ја имате во 2016та година

Snapchat е апликацијата која не поврзува со целиот свет и во секој момент можеме да следиме случувања со помош на слики и кратки видеа кои ни ги праќаат нашите контакти, а за 2016та година ќе биде задолжителната апликација која треба да ја имате во вашиот телефон за да може да ги следите сите светски трендови. Многу мал број на компании ја имаат искористено оваа можност за кратки реклами или кампањи со рок на истекување, но затоа во 2016та година ќе ги гледаме се повеќе.

snapchat

3. Видео стриминг во секој момент

Секој ден сме изложени на најразлични реклами и се потешко компанијата да го привлече вниманието на купувачите, барем за неколку секунди. Како тоа ќе се прави во 2016та година? Meerkat & Periscope се две апликации кои во 2016та година ќе ни дадат можност да првиме стриминг од нашите телефони и да ги споделуваме со твитер заедницата. Изгледа едноставно? Тоа е и целта.

4. Рекламирање на Instagram

Се повеќе сакаме да ги споделуваме важните моменти од нашиот живот, а тоа Instagram го искористи и направи одличен бизнис. А, што е новоста со Инстаграм за 2016та? Платената реклама која ја гледавме само од одредени компании, во 2016та година ќе биде достапна за сите. Слики или пак кратки рекламни видеа, почнете да ги спремате уште од сега, посебно ако се за храна или пак пијалак.

3M1WKORDOL

5. Pay-Per-Click Маркетинг

Замислете се себе си како магионичари кои им презентирате на клиентите содржина за која што они размислувале или пак им ги одговарате прашањата за нивните потреби, пред уште они самите да помислат на тоа.
Епа добредојдовте во 2016та година.
AdWords ја дава можноста за овој тип на маркетинг каде што вие врз основа на е-маилот, телефонскиот број, возраста, личните потреби итн. може да креирате реклами и да ги таргетирате вашите клиенти, а со тоа да создадете и вирални кампањи за вашиот бренд кои ќе допрат до сите. Колку кул звучи тоа?

6. Pinterest – уште една социјална мрежа на која мора да се приклучите

Сакате да споделувате и да закачувате хипстерски слики или пак пораки? Pinterest е местото каде што оваа година ќе се фокусираат дигиталните маркетери.
Animated Cinematic pin е новиот пин со кој Pinterest ќе не запознае и ќе даде можност брендовите да таргетираат специфични групи на луѓе врз основа на нивните интереси за овој анимиран пин. Најинтерсниот дел кај овие пинови е тоа што кога корисникот ќе скролне врз нив тие се движат, но штом корисникот престане да скрола и движењето престанува, тоа ни ја дава можноста корисниците да го контролираат видеото и да го гледаат кога сакаат.

IQTQKY4OJ6
7. Дозволете корисниците да бидат маркетерите на вашиот бренд

Штом најдобриот пријател/ка ти кажува колку е кул новиот производ што го купил/а, ти 95% од времето ќе им веруваш, нели? Епа тогаш искористете го овој “феномен“ и дозволете корисниците да бидат маркетери на вашиот бренд.
Брендовите треба да го споделат искуството на нивните клиенти како содржина за маркетинг кампања, која многу лесно може да стане вирална. Дел од ваквите кампањи е кампањата на Microsoft #MakeItHappen, каде што уште во 2014 година го искористија овој начин на дигитален маркетинг, а истовремено помогнаа на 31 личност од целиот свет и поделија Microsoft Lumia.

8. Креирајте omni-channel experience

Претпоставувам дека се запрашувате што е токму ова, а јас ќе ви кажам дека е одлична алатка како да таргетирате корисници со точната порака, во точното време и на точното место. Omni-channel претставува мултиканален пристап за продажба што му овозможува на корисникот без никакви проблеми, потешкотии итн. да купува од било каде, без разлика дали во продавница, олнајн од компјутер или пак телефон.
Disney е одличен пример за користење на omni-channel, но ќе ви оставам простор да дознаете и нешто вие, нема да ви кажам се јас.

marketing-concept
9. Content Remarketing

Многу маркетери ќе се согласат дека контент маркетинг одлично функционира, бидејќи сите ние пишуваме блогови, е-книги итн, но што е важно тука?
Трикот се крие во тоа што вие таргетирате корисници кои веќе ја прочитале и виделе вашата содржина, со тагнување на вашата страна и ретаргетирајќи ги, што ви дава можност да зборувате со личности кои веќе се заинтересирани за тоа што вие го нудите.
Вашата контент може да стане потсетник кој постојано ќе ги враќа на вашата страна и ќе иницира продажба.
Сега кога веќе почнавте да се смешкате и радувате на сите овие теми и можности за дигитален маркетинг кои ги нуди 2016та година, чуствувајќи го адреналинот започенете да ја градите вашата дигитална маркетинг стратегија и искористете ги максимално трендовите кои ви се нудат.

snappa-1454509853

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.