„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Ви се случува ли да заборавите на некоја обврска? Секако дека да! Работната недела знае да започне во хаос па доколку не запишеме некаде кои ни се обврските за неделата многу лесно нешто ќе ни се провлече и ќе остане заборавено.
Taskworld е алатка која е созададена токму за тоа. Никогаш повеќе да не пропуштите некоја обврска. Ниту вие, ниту вашиот тим.
Taskworld е креирана за на секој тим да му овозможи место за менаџирање на цели проекти, како и директна комуникација помеѓу сите членови.
На оваа платформа можете да работите на неколку проекти во исто време и секогаш да имате целосен преглед на сите активностите во реално време . Воедно можете да доделувате задачи на секој член од тимот и да поставувате рокови, и сето тоа претставено на многу интересен начин.
Популарни курсеви:
„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”
„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“
„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“
Спремете се да го фрлите тефтерот на вашето биро бидејќи Taskworld ќе ви овозможи да си подготвувате неделни и месечни планови, како за вас, така и за целиот тим. Можете да ги обележите тасковите во боја и тагови, како и да оставате коментари и да прикачувате документи. И доколку се прашувавте дали е безбедно да ги чувате вашите фајлови на платформата, одговорот е да, бидејќи Taskworld користи енкрипција на податоци за сите податоци да бидат сосема безбедни.
Ако ова не ви звучи привлечно веројатно треба да спомнам и дека Taskworld исто така ќе ви овозможи да комуницирате со целиот тим преку групен чат или да испратите приватна порака до секој член на тимот посебно како и да креирате специјализирани групи за комуникација само со вашите најблиски соработници.
Taskworld е веќе популарна алатка меѓу многу познати компании а Huffington Post ја претстави како “Алатка која ја носи мобилната соработка на многу повисоко ниво”. Не чекајте многу, пробајте ја уште денес и оформете свое мислење. И без грижа… платформата е бесплатна се додека не ви затреба неограничен простор за документи или додека не достигнете 300 активни задачи. Ако сепак ви стане незаменлива алатка и добиете потреба од неограничен простор можете да го добиете за само 5,60 $ месечно, што и не е многу за сите можности кои ги нуди.
Ние веќе сме убедени, пробајте ја и вие!
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата