„Најмногу ми се допадна што сите во групата бевме со различна позадина во однос на искуството со маркетингот, возраста и колку сите беа спремни да помогнат во било кое време, вклучувајќи ги и самите предавачи и тимот на Brainster“
Додека ја слушаше последната година на Економскиот факултет – смер маркетинг, Тиана Васов, во потрага по практични вештини кои ќе и помогнат да дојде до подобра кариера во маркетингот, се запиша на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster. Дека направила вистинска одлука, зборува фактот што веднаш по завршувањето на Академијата почна да работи во 6PRO. Смета дека упорноста и конзистентноста најмногу и помогнале да ја издржи интензивната програма изминативе неколку месеци.
Тиана, имаш дипломирано маркетинг на Економски факултет, од каде интерес за дигитален маркетинг и зошто реши да се запишеш на академијата во Brainster?
Искрено, не можам да кажам со сигурност дека знаев дека ми се допаѓа дигиталниот маркетинг уште од самиот почеток, бидејќи се што знаев до тогаш беше оној традиционален тип на маркетинг кој го научив на факултет. Дипломирав на Економскиот Факултет во Скопје, на смер маркетинг, во истиот период кога почнував со академијата во Brainster, па така некако работите си се поклопија и дојдоа на место.
За академијата дознав од Facebook, имаше едно квизче од типот „дознај колку го познаваш маркетингот“, а нели јас како иден маркетер морав да ѕирнам ? Од таму завршив на страната на Brainster, и тука почна процесот на аплицирање. Brainster го одбрав како место на кое што сакам да го надополнам знаењето, и actually да ми помогне да сфатам што конкретно би сакала да работам од сферата на маркетингот, и so far so good!
Што најмногу ти се допадна на академијата? Кои ти беа најголеми предизвици а кои работи ти беа најинтересни?
Фактот што сите членови на групата бевме со различна позадина во однос на искуството со маркетингот, возраста, искуство in general really, колку сите беа спремни да помогнат во било кое време, вклучувајќи ги и самите предавачи и тимот на Brainster. Сфатив дека очекував да биде многу по-монотоно, така што ова беше позитивно искуство.
Најтешко ми беше да го жонглирам дневниот распоред и да се трудам да не пропуштам некое од предавањата на академијата. Останато беше лесно бидејќи кога нешто се сака не е тешко. Уживав во сите задачи, сите проекти. Самото работење на проектите ми даде една голема доза на самодоверба за да можам да се осмелам и да барам конкретна работа.
Многу од студентите од Економски веќе биле или доаѓаат на Академијата за дигитален маркетинг, а многу од нив се размислуваат да го направат истиот чекор кој ти го направи пред неколку месеци. Кој е твојот совет за сите нив?
Don’t knock it till you try it ? Секоја промена е добредојдена, а ова е една од оние кои можат да бидат life changing. Мислам дека редовните студии и академијата во Brainster одат одлично рака под рака и совршено се надополнуваат.
Започна кариера во 6PRO уште пред да ја завршиш академијата. Што најмногу ти се допаѓа на новата работа?
Тимот со кој што работам, и енергијата што владее низ фирма ? Одлично е кога работиш со луѓе кои си ја сакаат работата и уживаат во неа. До сега се оди супер, подобро од се што се надевав. Мило ми е што бев решена и упорна да откријам што најмногу ме привлекува во односот на кариерата, and slowly but surely I’m getting there, благодарејќи на дечките од Brainster.
Уписите за новите групи на Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Искористи ја оваа шанса да го направиш првиот чекор кон добро платена кариера во која ќе уживаш. Резервирај го твоето место на Академијата денес.