Преку Learning Partner програмата, студентите на Академијата за дигитален маркетинг можат да работат на кампањи за реални клиенти, со што стекнуваат искуство веднаш применливо на работното место.
Најефикасниот пат до учење на нова вештина е работењето на практични примери. Нашето искуство на Brainster Академиите го покажува тоа. Најголемиот проблем на младите луѓе кои бараат работа е што речиси во сите огласи се бара практично искуство. А како до искуство ако во старт не можеш да аплицираш на ниту еден оглас.
Добрата вест е што за двата аспекта најдовме одлично решение – Learning Partner програмата на Brainster која се спроведува во рамки на Академијата за дигитален маркетинг, Академијата за дизајн и Академијата за програмирање.
Што е Learning Partner програмата?
Од оваа година воведовме програма која ги вклучува и нашите студенти и компаниите. Имено, со пријавувањето за Learning Partner, компаниите можат да предложат нивни тековни проекти на кои ќе работат студентите од Академиите, со нивни насоки и под менторство на нашите инструктори.
На тој начин компанијата добива свежи идеи и делумно или целосно изработени проекти, а учесниците на Академијата добиваат драгоцено практично искуство кое може да го стават во своето портфолио.
Кампања за B-Up
Откако ги поминавме трите основни модули на Академијата за дигитален маркетинг и се уверивме дека нашите студенти имаат солидна база за да почнат да ги изнесуваат своите идеи, заедно со нив започнавме со првиот практичен проект.
Нашиот Learning Partner за овој проект е најпознатата домашна компанија за архивирање Inbox, односно нивниот нов продукт B-Up. Станува збор за едноставен и лесен BackUp и Recovery сервис за компании и поединци. Базиран е на ултра безбеден софтвер со целосна end-to-end енкрипција, GDPR регулиран со чување на безбедни копии на EU cloud локации. На 29ти март, B-Up ја организира првата онлајн конференција во Македонија на тема Back-Up. Задачата на студентите е да креираат content calendar со Unpaid кампањи за социјалните мрежи кои ќе го испромовираат овој настан.
Кампањата за B-Up се работи во рамки на модулот Unpaid Social Media на Академијата, под менторство на Александра Јанакиевска и Маркетинг менаџерот на Inbox, Драгица Додевска.
Покрај искуството што ќе го стекнат, учесниците на Академијата кои ќе ги изработат најдобрите проекти ќе добијат 2 награди: бесплатно користење на B-Up и ваучери за курсевите во Brainster.
Сакаш да бидеш наш Learning Partner?
Доколку доаѓаш од компанија која е заинтересирана да ни се приклучи на некоја од Академиите – за Дигитален маркетинг, Дизајн или Програмирање пиши ни на [email protected] или побарај не на 070/259-911 за повеќе информации и можност за соработка.