„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Да се биде дел од стартап светот, не е воопшто лесно. Ако се мислевте дека со самото тоа што имате производ, веб страна и компанија дека работата е завршена, се лажете и тоа многу! Тоа е можеби “најлесниот” дел од целата приказна, а вистинската работа допрва започнува. Да ни кажеше некој дека најголем дел од првите неколку месеци ќе поминуваме пред компјутер, пишувајќи mail-ови, ќе кажев, овој човек нема појма што зборува. Но, тоа е реалноста!
Популарни курсеви:
- “Новинарство базирано на податоци” – Дона Џамбаска
- “ПАТОТ НА КУПУВАЧОТ (затворање на продажба во 5 чекори)” – Петар Лазаров
- „Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“ – Нина Николиќ
Но тоа е работата во ова дигитално време, зарем не?! Дневно пишуваме сигурно по неколку десетици (во најблага варијанта) e-mail-ови – почнувајќи од mail-ови до различни уредници, потенцијални клиенти, инструктори па се до одговарање на mail-ови на постоечки клиенти. Во овој “метеж“ на комуникација, некогаш е навистина тешко да се најдат соодветни зборови, реченици па дури и структура на текст кој е соодветен за некоја одредена ситуација.
Но затоа тука е Contractually со неговиот генератор за e-mail шаблони.
Сакате да направите follow up со некој клиент? Или пак да побарате препорака од некој поранешен клиент? Contractually ви нуди можност да пронајдете шаблон за сите овие пораки од нивниот генератор, за кои мораме да признаеме дека се навистина одлично структуирани! Но нивната структуираност е токму на вистинското ниво – звучат како персонализирани за оној кој ги чита да не се почувствува навредено, а притоа да ви заштедат драгоцени минути на дневна основа.
Мал совет: Иако содржината и формата на овие email шаблони е навистина одлична, не дозволувајте ваквите шаблони да ви станат секојдневие и притоа да се “изгубите” во нив, па дури и да заборавите да смените нешто што треба да биде заменето. Затоа што на крајот на денот – сигурно ќе изоставите нешто од автоматизираната порака за која подоцна сигурно ќе се каете!
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата